Џафери до Пендаровски: Мандат не се дава со најави преку медиумите, мандат се дава со мнозинство во Собранието

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Oткако претседателот на државата, Стево Пендаровски, најави дека утре ќе му го додели мандатот за составување на нова Влада на Зоран Заев, се огласи и претседавачот на Собранието, Талат Џафери.

Tој вели дека нема информации оти има формирано мнозинство во Собранието, но дека, кога веќе претседателот го дава мандатот, тој има обврска да закаже седница.

Не треба јас да имам информација дали некој има поддршка од 61 пратеник, тоа треба да го знае претседателот на државата, којшто се реши да го додели мандатот. Тој најави дека ќе го додели мандатот и тој треба да каже од кого се предводени и кои се партиите што го имаат потребното мнозинство во парламентот. Затоа одлучив во смисла на член 90 став 1 од Уставот да го доделам мандатот на тој што има мнозинство во Собранието. Јас според обврските и надлежностите како претседавач на конститутивната седница имам обврска да ја продолжам седницата за да може да се заокружи изборот на комисијата за избор и именување и претседателот на собранието од тоа мнозинство шпто го добило мандатот. Тука нема ништо спорно – вели Џафери во изјава за телевизија „Канал 5“.

Џафери појаснува дека стои на ставот дека е неуставно претседателот да го додели мандатот на некого што нема обезбедено мнозинство во парламентот.

Јас кажав дека е неуставно да се дава мандат без мнозинство во Собранието. Во член 90 став 1 се наведува дека треба да се рефлектира мнозинството во Собранието па да се добие мандат. Тоа го кажува Уставот, не го кажувам јас. Без оглед на тоа дали е конституирано собранието или не. Еве, нека е и конституирано Собранието, тогаш кое е тоа мнозинство што заслужува утре да добие мандат и што ќе го добие мандатот, каде му е мнозинството. При давањето мандат, Уставот не зборува за најави преку медиумите, Уставот вели дека мандатот се дава на тој што има мнозинство. Мене не ме интересираат СДСМ и ДУИ, јас зборувам за процедурите и прописи, а не политика. Ако имаат мнозинство, како што најавуваат преку медиумите дека имаат, тогаш нека дојдат и нека изберат претседател на собранието. Јас нема да ги попречам во тоа. Јас сум должен, според Устав, според Деловник да ја продолжам седницата тогаш кога ќе кажат дека имаат мнозинство – вели Џафери.

Досегашниот претседател на Собранието објаснува и дека во јавноста има заблуда околу рокот од 20 дена што тече од давањето на мандатот.

Еве, кажуваат дека имаат мнозинство и утре ќе добијат мандат. Ама тие 20 дена што течат од утре не се за обезбедување мнозинство во Собранието, туку за мнозинство за поддршка на Владата оти вие може да имате мнозинство во Собранието, а од разни причини тоа мнозинство да не ја поддржува Владата. Тоа се две различни работи во работата на Собрабието и институциите. Доколку утре не се појават повеќе од половина од пратиниците ќе значи дека немаат мнозинство, дека лажат, што друго. Ако имаат мнозинство, треба да дојдат во Собрание. Јас ништо друго не можам да кажам, јас работам според она што го имам како податок. Претседателот најави дека утре во 12 официјално доделува мандат, тоа значи дека обезбедиле мнозинство. Тогаш повелете тоа мнозинство рефлектирајте го во Собранието – вели Џафери

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This