March 29, 2024, 10:30 am

Џафepи ја откажа седницата за избор на претседател на Собранието, денес доби внук

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседавачот на конститутивната седница Талат Џафери денеска го откажа продолжението на седницата, на која требаше да се избере претседател на Собранието, поради тоа што добил внук.

Тој синоќа на Фејсбук објави дека добил внук од ќерка.

„Благословени и пресреќни сме по веста дека ќерката Бесиана на свет го донесе нашиот внук, Фрашер!
Двајцата се добро, на нас е да се радуваме на убавите моменти“, напиша Џафери.

За денеска на пладне претседателот Стево Пендаровски закажа доделување на мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Џафери вчера соопшти дека им дал насоки на собраниските служби за денеска да подготват продолжение на конститутивната седница и избор на претседател на законодавниот дом.

– Од медиумите дознав дека Пендаровски ќе му го додели мандатот на Заев, што според Уставот значи дека Заев има мнозинство и дека е подготвен за избор на претседател на Собранието со што ќе заврши и официјално конститутивната седница и Собранието ќе биде конституирано. Затоа им дадов насоки на собраниските служби за утре да подготват продолжение на конститутивната седница – рече тој вчера за ТВ 24.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This