ЏОРЏ КЛУНИ ВО ОДБРАНА НА МЕГАН МАРКЛ: „Ја прогонуваат како принцезата Дијана, трагичната историја се повторува!“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Славниот актер Џорџ Клуни јавно застанал во одбрана на својата пријателка Меган Маркл и го споредил малтретирањето на новата војвотка со лошото искуство кое своевремено го доживеала покојната принцеза Дијана.

„Насекаде ја следат, постојано ја прогонуваат и осудуваат. Таа е жена во седмиот месец од бременоста, а со неа се однесуваат како со Дијана. Неславната историја се повторува, а сите видовме како заврши тоа на крајот“, загрижено нагласил Клуни алудирајќи на фаталната сообраќајна несреќа во 1997 година која се случила наводно додека папараците ја следеле покојната принцеза.
Актерот во оваа прилика конечно одговорил и на гласините дали тој ќе биде кум на новото кралско бебе.

„Јас сум татко на близнаци, имам доволно проблеми со кои треба да се справувам“, низ насмевка изјавил
шармантниот Клуни и ги демантирал гласините за кумството со принцот Хари и Меган.

Џорџ Клуни не е единствениот што решил јавно да ја одбрани војвотката од Сасекс.

Истото го направиле и нејзините поранешни колеги и луѓе од најтесниот круг на пријатели кои не можеле да поверуваат дека јавноста така се однесува кон поранешната актерка.

„Мег се повлече и молкум ги трпи сите лаги за неа. Со оглед на тоа што е бремена, загрижени сме како сето ова влијае на неа и бебето. Целосно погрешно е некому да му се создава олкава емоционална траума, особено додека носи бебе“, истакнал еден од поранешните колеги на Меган.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This