Целосен локдаун и највисоко ниво на безбeдност во американска вoeна база во Мериленд поради бomба и opужен нaпaд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Базата на военоморските сили на САД во Бетесда, Мериленд, е затворена поради примена анонимна закана за поставена експлозивна направа, а во тек е спроведување истрага за активен вооружен напаѓач, соопшти базата на Твитер.

Како што се соопштува, на сите војници им било наредено да се засолнат на безбедно место, откако утринава бил примен анонимен телефонски повик за наводно поставена бомба во објект покрај базата.

На територијата на базата се наоѓа Националниот воено-медицински центар „Волтер Рид“.

На сите членови на персоналот им беше наредено да најдат засолниште откако базата доби анонимен телефонски повик околу 8:45 часот по локално време, во кој беше кажано дека бомбата е во близина или во објектот, пренесува Ројтерс.
“Се проверува заканата за бомба во зградата 10 и заканата од активен вооружен напаѓач. Сите излези се затворени, освен за вонредни ситуации”, објавено е на Твитер.

Се повикуваат граѓаните да ја избегнуваат областа, а припадниците на обезбедувањето се на терен. Националниот медицински центар Волтер Рид се наоѓа во базата на американската морнарица во Бетесда, Мерланд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This