December 4, 2021, 6:14 pm

(Фото) Столе е најдобар голман, додека да пораснам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската фудбалска селекција ја продолжува својата прекрасна приказна. Нашите фудбалски херои по учеството на Европското првенство ова лето, за првпат во историјата ја одведоа селекцијата во баражот за едно Светско првенство, откако синоќа со убедливи 3-1 падна репрезентацијата на Исланд, пренесува Гол.мк

Момците на Благоја Милевски, а претходно на Игор Ангеловски, „изгинаа“ во овие квалификации и покажаа дека оваа Македонија има што да покаже на терен. Меѓу најдобрите поединци во нашиот состав сигурно е голманот Столе Димитриевски, кој донесе огромна сигурност во македонската одбрана.

Еден млад фан синоќа ја имаше најоригиналната порака поврзана со нашите репрезентативци, поточно со чуварот на мрежата на Рајо Ваљекано. Тој на трибините се појави со транспарент на кој пишуваше: „Столе е најдобар голман, додека да пораснам“!.

Извор:Гол.мк

Latest News

(Видео) Hемири во Виена: Над 10 000 демонстpaнти се cyдрија со полицијата која со кучиња ја рacтеруваше толпата

Во центарот на Виена се одржуваат бројни протести на противниците на мерките за корона и задолжителната вакцинација, поради што...

More Articles Like This