АВСТРАЛИЈА: Странска влада стои за упадот во мрежите на австралискиот парламент!

  • February 18, 2019

Кибер нaпaдот врз австралискиот парламент, со кој е извршен упад во мрежите на клучните политички партии, најверојатно го извршила странска влада, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон, но не го именува „осомничениот“.

„Нашите кибер експерти верувааат дека софистициран државен актер е одговорен за оваа злoнaмepнa активност. Исто така, дознавме дека со нападот се погодени и мрежите на некои политички партии- либерали, лабуристи и националисти“, рече Морисон во обраќањето во Парламентот.

Морисон, меѓутоа, не откри кои информации истекоа, но рече оти нема доказ за мешање во изборите. Нападот на серверот на австралискиот Парламент беше извршен на 8 февруари.

Претходно «
Следно »