Австрија вети милион дози од ваkцините за Западен Балкан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австрија ќе обезбеди милион дози од вакцините против Covid-19 за земјите од Западен Балкан покрај дозите коишто веќе ги испрати во овој регион во името на Европската унија, изјави денес австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Канцеларот го најави тоа по самитот со колегите од земјите од поранешна Југославија кои сѐ уште не се членки на Европската унија. На средбата, исто така, учестуваше и претставникот на Албанија.

Курц потсети дека Австрија на западен Балкан веќе дистрибуира 651.000 дози од вакцините против коронавирусот како донација на ЕУ.

„Покрај тоа, сакаме да дадеме билатерален придонес како Република Австрија и одлучивме како влада да обезбедиме милион дози од вакцините за државите од западниот Балкан“, изјави Курц за новинарите по самитот.

Дозите ќе бидат испорачувани од август до крајот на годината, додаде австрискиот канцелар, без да прецизира кои земји ќе ги добијат, ниту колку вакцини ќе бидат распределени меѓу нив. Курц, исто така, не кажа ниту од кој производител вакцините ќе бидат испорачани.

Дозите од ЕУ на вакцината на „Pfizer/BioNTech“ кои Австрија им ги испраќа на државите на западен Балкан, алоцирани се во април во согласност со потребите на земјите кои беа оцените во Брисел и пријавени од самите држав. Најмногу доби Босна и Херцеговина, па следеа Албанија и Македонија.

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This