АГЕНС Б-3, ОТРОВОТ ШТО ЗА МАЛКУ ЌЕ ГО УБИЕШЕ СКРИПАЛ: Топ пет работи што треба да знаете за новите хемиски супстанции пронајдени во примероците од случајот Скрипал

  • April 15, 2018

Извештајот на Лабораторијата „Спие“ пронајде траги на агент за онеспособување од воено производство на НАТО, Б3, во примерокот користен во случајот Скрипал, и ги натера луѓето во Велика Британија и во светот да брзаат да дознаат повеќе

Откриен во 1951 година

Б3, хемиски попознат како 3-хинуклидил бензилат, е халуциногенски хемиски агенс за воена употреба откриен од швајцарската фармацевтска компанија Хофман-Ларохе во 1951 година. Хемичарите го откриле случајно додека работеле за создавање на лекови за чир.

Моќен халуциноген

Најчесто не-смртоносен безбоен, без мирис и практично нерастворлив во вода, и многу моќен. Кога се користи како аеросол (најчест метод за апликација), Б3 се апсорбира преку респираторниот систем; исто така може да се апсорбира преку кожата или дигестивниот систем. Потребно е околу еден час за да почне ефектот на агенсот, со максимален ефект постигнат по 8-10 часа.

Според Прирачникот за токсикологија и хемиска војна (2015), помалку од еден милиграм БЗ администриран орално резултира со онеспособеност за неколку дена. Симптомите на изложеност на супстанцата вклучуваат делириум, тремор, ступор, халуцинации, “и кома што може да трае повеќе од 2 дена”. Други симптоми вклучуваат параноја и манија.

Тестирани од (и на) американски војници

По откривањето за постоењето на агенсот, Армијата на САД почна да тестира 3-хинуклидил бензилат на своите трупи. Во арсеналот Еџвуд во Мериленд за прв пат се експериментирало со агенсот Б3, како и со ЛСД, ТХЦ, кетамин, опиоиди и други лекови на стотици членови на воениот персонал и цивили во средината на 1970-тите. Првично назначен за “ТК”, хемискиот агенс ја прими ознаката на НАТО BZ во 1961 година.

Користен како оружје за прв пат во 1962 година

Хемискиот корпус на американската армија го користи Б3 како оружје за прв пат во 1962 година, масовно произведувајќи го агенсот кој бил пакуван со генератори на чад M44 и кластерните бомби М43 БЗ за борбена употреба Помеѓу 1962 и 1988 година, биле произведен 1.500 M44 и M43 вакви бомби кои ги складирале во арсеналот на Пајн Блуф во Џеферсон Каунти, Арканзас.

Б3 не се смета дека не е особено ефикасна во борба, бидејќи дејството лесно може да се спречи доколку се стави обична преку устата и носот; исто така проблематична е видливоста на белите облаци што ги креираат овие M44 и M43 бомби. Агенсот меѓу другото е и скап за производство. Се вели дека САД ги уништиле своите резерви BZ во доцните 1980-ти. Според руските проценки, САД го задржиле капацитетот да произведуваат околу 20 тони Б3 годишно. Производствениот капацитет надвор од САД се проценува на еден тон годишно поради потешкотии во добивањето на медицинскиот 3-хинуклидин потребен за креирање на BZ.

Не се складира од страна на Советите

Советскиот Сојуз беше свесен за експерименти на САД со Б3 агенсот, но не се вклучи во експериментирање со хемикалијата. Советскиот хемиски арсенал се состоеше од смртоносен сарин, Соман, VX и други нервни гасови, како и Луизит и Мустард-Луизит Мешавина, повеќето од нив распоредени во хемиски артилериски гранати. Русија се ослободи од своите резерви на овие агенси повеќе од 21 година, почнувајќи од 1996 година. Последните капацитети на хемиско оружје од советско време беа уништени во септември 2017 година. Организацијата за забрана на хемиско оружје го потврди уништувањето на оружјето во Русија.
На 14 април рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, го објави фактот дека лабораторијата “Спиез” го пронашала агенсот Б3 во примерок од отровот кој бил употребен за напад врз Сергеј и Јулија Скрипал, за кого очевидците изјавија дека покажувале симптоми на халуцинација кога тие се пронајдени крај трговскиот центар во Солсбери, јужна Англија на 4 март 2018 година.

Претходно «
Следно »