АДЕМИ СО ЛЕКЦИЈА: До кое дереџе дојде ВМРО, жена Еврејка да ја брани македонштината во Македонија

  • February 14, 2020
  • Коментари

Пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми со свој осврт на разрешувањето на министерката за труд и социјала, Рашела Мизрахи. Тој зарпаша до кое дереџе дојде ВМРО-ДПМНЕ, да една жена не македонка, жена еврејка да ја брани македонштината?

-Кога стигна предлогот за технички министер за труд и социјала со име и презиме Рашела Мизрахи и со биографски податоци дека е Еврејка од Македонија без изненаден. Бев пријатнои изненаден, македонска партија, големопатриотска партија, партија која знае во име на македонштина да се удира во гради, реков симболичен потег. Сето што се случи во меѓувреме ви зборувам како искусен политичари и како човек кој платил лична цена за политички убедувања и сопствен патриотизам, реков до каде дојде големата патриотска партија ВМРО-ДПМНЕ да бара од една жена не македонка, горда Еврејка од Македонија да ја брани македонштината во техничката Влада. Во Влада која има мандат да организира избори. До тука ли дојде големата партија која има историја? Жалам што мажите во ВМРО не се собраа да кажат доста е, не се бара од жена да ја брани Македонија во јавните настапи, вели Адеми.

-Да се аплаудира на патриотизмот за една немакедонка во одбрана на македонштината е една длабока криза. Јас кога сум се борел за правата на Албанците не барав друг да го прави тоа, сам сум го правел. Затоа сум лежел 8 години затвор. Не сум го барал тоа од моите комшии не Албанци, сам сум се изборил, додаде тој.

Претходно «