АДИДАС ГИ ПРОМОВИРАШЕ ДИЗАЈНИТЕ НА НОВИТЕ ТОПКИ:„Адидас“ со нова топка за Лигата на шампионите за следната сезона

  • March 29, 2019

Компанијата за спортска опрема „Адидас“ одлучи да го промени познатиот дизајн на топката за фудбалското натпреварување Лигата на шампионите.

Новата топка ќе биде со повеќе бои. Во производството на топката се користени материјали и технологии кои беа користени во производството на топката за Светското првенство 2018.

Новата топка на Лигата на шампионите 2019/2020 ќе биде достапна за продажба во август и ќе чини 150 евра.

Истовремено компанијата го објави дизајнот и на топката со која ќе се игра овогодинешното финале од Лигата на шамипоните во Мадрид

Претходно «
Следно »