АДМИНИСТРАТИВЕН УДAP ВРЗ ТРАМП: Републиканските сенатори најавија детална иcтpaгa!

  • February 18, 2019

Заменикот министер за правосудство на САД, Род Розенштајн, наводно подготвувал административен yдap за смена на американскиот претседател Доналд Трамп.

Во 2017, Розенштајн заедно со уште неколку функционери, меѓу кои и првите луѓе на ФБИ, подготвувале административен yдap за смена на претседателот Трамп.

Сенаторот Линдзи Греам наведе дека постои тврдење од тогашниот привремен директор на ФБИ дека заменик министерот се обидел да изведе административен yдap, а за тоа да ја примени постапката од 25 амандман на Уставот на САД.

Заменикот министер ги негира ваквите наводи, по што републиканските сенатори најавија детална иcтpaгa за овој случај, што требало да се спроведе уште по смената на тогашниот директор на ФБИ , Џејмс Коми.

Претходно «
Следно »