АКАДЕМИК ИЛИЈА ЧАШУЛЕ: ЕУ да се протера од Македонија!

  • July 24, 2018
  • Коментари

И сега малку политика и ЕУ. Бугарија е во ЕУ седум-осум години. И што има? 250 000 иселени млади, високи цени, огромен увоз и дефицит, ниски примања, опустошени села, стагнантна индустрија.

Сакам да кажам нешто за иселувањето на младите. Навидум е просто, младите бегаат од сиромаштијата во својата земја на Запад и се преселуваат среќно во западните земји.

Што е тука перфидно? ЕУ има сериозна демографска криза, населението драстично се намалува и од каде да црпиш народ? Готови, високообразовани кадри чиешто образование го платила нивната матична земја се привлекуваат на секој можен начин, со добро платени позиции, стипендии, станови.
Впрочем печалбарскиот леб е горчлив, синови се откинуваат од мајки, баби не гледаат внуци, болка и тага.

Наместо ЕУ да инвестира реално во посиромашните европски земји, вклучувајќи ги тука Македонците и Македонките, им фрла трошки, коски да ги држи потчинети, ги задолжува и ги гуши.

Ова што го кажав за Бугарија е исто толку трагично за Хрватска исто членка на ЕУ, која е во длабока криза, за Србија, за Албанија, за Романија, за нас и за целиот Балкан.

Зошто Меркел прифати еден милион бегалци? На капитализмот му се потребни нови потрошувачи, па макар од каде или како дошле.

Е сега во таква ли Европска Унија сакаме да одиме.

Референдум за отфрлање и прогонување на Европската Унија, засекогаш. Толку од мене. Навистина не е етимологија, ама морав.

Претходно «
Следно »