АКО ВИ СМЕТА, ВАШ ПРОБЛЕМ: Двоглавиот орел бил право на самоидентификација, вели Бујар Османи – ако на некој му смета, не е негов проблем!

  • January 17, 2019

Вицепремиерот Бујар Османи даде појаснување за неговата фотографија со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на која симболизираат „двоглав орел“.

Како што рече, негово право е да се самоидентификува, затоа државата гарантира слобода на самоидентификација на граѓаните од етничките заедници.

„Двоглавниот орел значи порака „јас сум Албанец“. И тоа е знак на идентификација, ако некому пречи дека јас јавно се изјаснувам дека сум Албанец тоа е негов проблем, не мој. Демантирам дека тој знак рефлектира националистички и големоалбански претензии. Кога ке бидете на Монт Еврест и го правите тој знак, тоа значи дека сте Албанец. Тоа е знак на моето знаме и ако тоа знаме е службено во употреба во Република Македонија и двоглавиот орел е во службена определба и тоа е моето право да се самоидентификувам“, вели Османи.

Двоглавиот орел во Македонија буди негативни емоции кај граѓаните особено по конфликтот во 2001-та. Но, наместо смирување на етничката тензија која во последната година дена е на највисоко ниво од 2001-та, ДУИ и функционерите на таа партија, продолжуваат со секојдневни провокации.

Претходно «
Следно »