Ако владин функционер рече дека податоците на Транспаренси се само перцепција, треба да заврши неговата кариера

Поврзано

Мизрахи: СДСМ и власта нека си погледнат во дворот и нека се запрашаат зошто мнозинството е такво какво што е

Во вечерашното издание во емисија „Патот кон" на ТВ Алсат М гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи...

Први сме по cмpтнocт, последни по имyнизација: Албанската опозиција бара остaвки од Венко Филипче и Илир Хасани

Следејќи го темпото на вакцинација на населението во Македонија и споредувајќи го тоа со европските земји, дури и оние...

Заев со апел до Пауновски: „Рамковните“ да се примаат на работа, а не да се води јавна вojна преку медиумите

Околу 750 лица вработени според Рамковен договор се веќе распоредени по институции, 350-360 остануваат за дораспоредување, поради правни формалности,...
- Advertisement -

Hашата држава треба да почне од почеток да го гради системот. И мислам на градење на луѓе. Ќе ни треба многу време, но не треба да потрошиме 4 години, а за овие 4 години ништо не е сменето, рече Сафет Бишевац на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“ говорејќи за изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев и за случајот Мијалков.

Според него има премногу заложби и акциски планови, потребни се активности.

„Нас такви планови и акциски планови за ваква или онаква борба не ни е проблем, проблем е што се останува на акциски план. Големи беа заложбите за Антикорупциска и сега се заглави во предмети, многу подобро ќе беше да се фати за неколку предмети за претставници на естаблишментот и да сработи. Несомнено е и политичкото влијание врз некои случаи. Има пресуда против претседателката на антокорупциска за непочитување на законски рокови сега следува тужба и за Комсијата. Не мислам дека денес објавениот план ќе го смени клучниот впечаток, а тоа е дека Македонија тоне во корупција тоа го покажуваат и рангирањата како на пример на Транспаренси“, вели Бишевац.

Според него, ако владин функционер рече тоа е само перцепција треба да заврши неговата кариера.

„Не може за вакво рангирање на Транспаренси да се каже дека е само перцепција и тоа да го каже. Власта и премиерот се најодговорни за направеното и ненаправеното“, додава Бишевац.

Latest News

Утре ќе се вакцинираат пратениците

Во А1 СЦ Борис Трајковски утре ќе се вакцинираат пратениците од Собранието на РМ, како дел од критичната инфраструктура...

More Articles Like This