АКО ВРХОВЕН ЈА ПОТВРДИ АБОЛИЦИJATA: Аболиpaн ќе биде Зоран Заев, Верушевски и пола СЈО

  • November 29, 2019
  • Коментари

Шест уставни судии гласаа за, а тројца против на дневен ред да биде ставена иницијативата за оценувањето на одлуката на претседателот Иванов за повлекување на аболицијата.

Иницијативата да се разгледа поништувањето на одлуката за амнестија е поднесена до Уставниот суд пред околу три години. Со неа конкретно треба да се разгледа уставноста на одлуката на поранешниот претседател донесена во јуни 2016 година да ги поништи помилувањата. Таа одлука пак тој ја донесе по два месеца протести кои почнаа веднаш по одлуката за помилување, а потоа прераснаа во Шарена револуција.

За да му се овозможи на Иванов да го повлече помилувањето Собранието на 19 мај 2016 година, околу еден месец по одлуката за аболиција, го донесе членот 11 од дополнението за Законот за помилување. Со него му се даде можност на претседателот во рок од 30 дена од денот на донесувањето на тој закон да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување без да ја образложи одлуката, што Иванов и го направи на шести јуни.

Специјалното јавно обвинителство, пак, беше формирано со закон кој беше донесен на 15 септември 2015 година, а во ноември се комплетираше и тимот обвинители со што почна со работа. Тогашниот претседател Иванов во април донесе одлука за помилување на 56-те лица, а меѓу помилуваните беше и актуелниот премиер Зоран Заев, но и специјалните обвинители Гаврил Бубевски, Фатиме Фетаи и Лиле Стефанова и други.

Претходно «
Следно »