АКО ГО ОТВОРИМЕ НА КУПЧЕ УСТАВОТ ИМА ШТО ДА СМЕНИМЕ: Ќе ги ставиме во него и Албанците, Бугарите, Еѓипќаните и Хрватите!

  • April 15, 2019

Зоран Заев во гостувањето на телевизија 21 во емисијата Кли Плус заглави на прашањето што тој во изминатите две и пол години што направил за Албанците. Говореше за некакви патишта на кои не им го знаеше името, а потоа проговоре на темата на која што е најсигурен, а тоа е воведувањето на двојазичноста во Македонија. Еден од неговите соговорници му посочи дека сепак во новиот закон и во Уставот дека никаде не стои албански јазик туку стои јазик кој го зборува 20 проценти од граѓаните. На ова Заев одговори дека тоа не било променето бидејќи така стоело во Уставот. На ова му реплицираа соговорниците дека и така беше отворен Уставот зошто не го променил тоа. Заев одговори дека тогаш бил Уставот отворен наменски за промена на името и не одрече дека во иднина може Уставот повторно да се менува и во него да се впишат Албанците и другите етнички заедници.

-Затоа што Уставот го отворивме наменски. Ако требаше да отвориме и други прашања ќе отворевме и други прашање па ќе ги ставевме во Уставот и Eѓипќаните и Бугарите и Хрватите и другите во него. Прашањето кога го отварате го отварата наменски. Ако го отвориме на купче Уставот има што да промениме.

 

 

Претходно «
Следно »