October 23, 2020, 1:24 am

Ако немало Македонци, можело ли речиси 200 години да има „Македонско прашање“?

Поврзано

Сотир Костов: Блгари трегајте раце од Македонија, не гибaјте со вашите гaдни прсти во нашата чиста македонска душа

Блгари трегајте раце од Македонија!!! /Н-е г-и-б-а-ј-т-е со вашите гaдни прсти во нашата чиста македонска душа!/ Македонскиот идентитет е еден...

Зошто додавката „Северна“ е бecмиcлeна, а со тоа и името на државата?

Дали постои географски регион со име Северна Македонија? Не постои. Како може, тогаш, да има држава со такво име?...

Леб и игри

Почитувани читатели, И како општество и како луѓе, минуваме низ многу тешка фаза во нашето натамошно опстојување, на планетата земја....
- Advertisement -

Кога се чита бугарскиот меморандум до членките на ЕУ, со кој се негира се’ македонско, почнувајќи од јазикот, секој мора да се праша – зар е можно во 21 век некој да оспорува вековен та и милениумски народ? Барем нас не треба да не изненадува потегот на Софија, свесни за нивните политики кон Македонците, макар последните два века. Освен во кус период во времето на Ѓорги Димитров, за нив ние секогаш бевме “Бугари“… Максимумот што се спремни да го прифатат е дека сме креација на Тито, и претходно на Коминтерната, и дека како таков народ, со јазик кој е дијалект на бугарскиот, постоиме по Втората светска војна. Внимавајте добро: ако сме веќе ние од 1940-тите, тоа треба да значи дека не може да има Македонци во Бугарија!

Итро, зар не?

Софија има право на свои синдроми ама мора да водат сметка да не испаднат недоветни. На Бугарите им е одлично познато дека во светски рамки, од пред речиси 200 години, постоело ткн. “македонско прашање“. Тоа било на дневен ред на многу (важни) меѓународни настани на дел од кои, учествувале и тие. Ако е така, а така е – како е можно Тито да ги измислил Македонците во 1940-тите а тие за светот да постоеле, макар како проблем, 100 и повеќе години пред тоа? Нешто тука не е во ред. Мора да има некој (умствен?) куршлус во Софија? Во овој контекст, “Македонското прашање“ е најдобар доказ дека Македонците со векови биле тука како народ. Пред тоа и со милениуми.

Сегашното бугарско вулгарно насилство врз Македонија е сериозна и опасна студена војна која нема да заврши со никакво милосрдие. Тоа е целосно исклучено. Ни теоретски не е можно Бугарија да се откаже од своите историски небулози. Напротив, кај нив постои целосна согласност дека ние немаме сопствени историски корени туку сме “етнички и јазичен инженеринг“, овозможен од комунистите, како што се вели и во спомнатиот меморандум. Сите политички фактори, заедно со грото интелектуалци, научници… сметаат дека нема Македонци како одвоен народ. Така се индоктринирани.

Меморандумот е финализација на вековните бугарски синдроми кон Македонија и Македонците бидејќи со нашето влегување во ЕУ тие остануваат разоружени за било какви бесмислени оспорувања и уцени. Кога и ние ќе бидеме внатре, ништо нема да ни можат. Нашите преговори за членство, за нив се измислена алатка да го добијат незамисливото. Ова е, всушност, последна шанса Софија да ги постигне своите средновековни амбиции. Можноста им ја пруживме ние со срамниот договор за пријателство која тие, нормално, максимално ја (зло)употребуваат. Иако нашите политичари се обидуваат да ја минимизираат бугарската закана, многу е веројатно дека таа ќе донесе трајни последици по македонскиот народ.

Сега е во тек правата фаза за меморандумот: се обидуваат да вклучат што повеќе од барањата во преговарачката рамка. Нешто секако ќе успеат. Колку – ќе видиме. Во втората фаза ќе настојуваат да го одложат почетокот на нашите преговори кој се очекува во декември. Тоа е само тактика на притисок и ставање до знаење што не чека. Софија ќе игра на таа карта се додека тоа нема да биде контрапродуктивно кај партнерите во ЕУ. Наша шанса е дека Германија, сепак, одлучно ќе настојува почетокот да се случи оваа година, додека тие претседаваат со ЕУ, бидејќи тоа ќе биде и нивни успех. Сепак, за нас најопасна ќе биде третата фаза – самите преговори. За да не попречуваат и уценуваат колку и кога сакаат во секое од нив, Бугарите ќе ги имаат на располагање сите 35 поглавја во шесте кластери. Софија сака да ги одлага ама едвај ги чека преговорите бидејќи само преку нив може да ги постигне своите фашистички и шовинистички цели. И затоа, тогаш ќе бидат безмилосни. Ќе имаат речиси неограничено право во секој момент да можат да блокираат. Ќе бараат отстапки кои ќе бидат погубни за нас и никој нема да може да ги спречи. Ако некаде, пак, Бугарија и застане, ќе се појави Грција, Кипар… Преговорите со ЕУ ќе бидат жестоко малтретирање преку кое ќе се доведуваат во прашање нашите фундаментални национални интереси. Ако продолжиме со досегашната капитулантска политика, што е веројатно, ние се’ повеќе ќе се откажуваме од самите себе како народ. Ова не е никакво црно туку многу реално сценарио.

Како ретко кога, во земјава се крена голема врева околу овие бугарски неумности и безобразлуци, што е добро. Меморандумот е длабоко навредлив за секој Македонец како и за сите слободоумни луѓе. Меѓутоа, апсолутно не е точно дека меморандумот е резултат (и) на внатрешно политички потреби на Софија, кои можат да се надминат. Во прашање е вековна бугарска политика кон Македонија, зад која постои национален консензус. Што и да се случува таму на домашен терен, да се менуваат премиери и влади, во однос на Македонија ќе продолжи истата политика само можеби со посилен интензитет а не со помал. Впрочем, во однесувањето на Бугарија има дури и некоја логика: ако со Грција го жртвувавме вековното име, со што во голема мерка го згазивме нашиот национален идентитет, оти сега да не се откажеме и од јазикот? Зошто би биле мајка за грчките идиотски историски синдроми, а маќеа за бугарските, кои во ништо не се разликуваат? И за едните, и за другите, ние одамна не постоиме како народ и зошто сега меѓу нив да правиме разлика? Зарем некој има дилеми дека тие ги координираат своите политики кон Македонија? Се сомнева ли некој дека задачата на Атина беше да го избрише македонскиот карактер на нашата држава, што беше еден од клучните исчекори во разнебитувањето на македонскиот народ а Софија треба да го расчисти прашањето со јазикот? Не треба да забораваме дека менаџер и режисер на целиот регионален балкански проект се САД. Видите само што се случува деновиве меѓу Србија и Косово. Сите поразителни договори кои ги потпишала Македонија од независноста до денес се нивно дело (Привремената спогодба, ОРД, Пржино, Преспа, за “пријателството“ со Бугарија…). И не само нашите. Во сите потези кон Македонија, од независноста до денес, целта беше бришење на македонизмот, поточно – на македонскиот народ што, сите овие години, филигрански се исполнува. Веќе сме во финалните мигови на проектот. Нормално е дека со своите историски синдроми, соседите имаат главна улога во тој процес.

Во однос на Бугарија, Македонија прв пат капитулира во 1999. Тогаш, Љубчо Георгиевски ја потпиша предавничката декларација, со која се откажавме од јазикот и малцинството. Со тој документ, ние практично и го отворивме патот на Бугарија за прием во ЕУ, лажно и наивно прикажувајќи дека нема отворени проблеми меѓу двете земји. Договорот за “пријателство“ од 2017 е истиот американски текст, засилен со додатни наши отстапки, со што нашиот пораз стана целосен. Бидејќи Софија не прифаќа дека постои македонскиот јазик, а ние како најголеми аматери тоа го прифативме, и во двата случаи се користеше формулацијата – “македонски јазик, според Уставот на Република Македонија“. Тоа значи дека се согласивме дека нашиот јазик не е автохтон и изворен туку е уставна категорија. А уставите, нели, се менуваат. Ако нашиот јазик е уставна категорија, пак, тоа потврдува дека и тој постои од 1946 година кога беше донесен првиот современ македонски Устав. Претходно, немавме устав а тоа, според Софија, значи дека не постоеше ниту македонски јазик. Многу разбирливо – ако е јазикот според уставот, нема ли устав, не постои ни јазик. За разлика од нашите “умници“, кои немаат поим што потпишуваат, на Бугарите се’ им е јасно, тие долгорочно планираат и имаат јасна стратегија. Последиците за нас се тука и ќе следат. Во меморандумот, логично, Софија оди со максимални барања и инсистира нашиот јазик да биде – “официјален јазик на Република (С) Македонија“ а не македонски. Сепак, тие се свесни дека тоа нема да може да им помине и затоа одат со втората варијанта – “според Уставот…“. Тоа е навредлива формулација за државата бидејќи сите други јазици во ЕУ ќе бидат француски, шпански, хрватски… а нашиот со опашка. Измислен. Ќе биде речиси невозможно да се отфрли оваа формулација бидејќи документите со Бугарија се потпишани со истата и таа не обврзува да ја користиме секаде каде што тоа ќе се бара. Софија нема да ја пропушти шансата. Затоа истата и ни беше подметната во 1999.

Со декларацијата и договорот, Софија доби добар дел од тоа што нелегално и нелегитимно го бараше, ама не се’. Останаа повеќе прашања кои тие минатата година ги формулираа во документот кој го спреми БАН, го потврди владата а го официјализира Парламентот во вид на декларација. Таму имаше преку 20 прецизирани бугарски барања, поточно уцени за Македонија. Македонија го игнорираше сето тоа. Арно ама, преку меморандумот, сега главните точки се на масите на членките во ЕУ.

По кој знае кој пат, Македонија е повторно на испит. Досега, најголемиот дел не ги положивме и сега се наоѓаме пред конечниот пораз. Ако не се освестиме и тргнеме во одлучна офанзива во одбрана на нашите универзални права, лошо ни се пишува. Ширењето оптимизам дека проблемите со Бугарија се решливи, дека е можен компромис и дека Софија ќе се повлече од екстремните позиции е крајно наивна и погрешна политика и тактика. Место тоа, треба да се растрчаме кај сите членки на ЕУ со барање на поддршка, презентирајќи ги аргументите кои речиси сите се на наша страна. Нема поитна задача за државата. Мора да извлечеме искуството од случајот со Грција бидејќи ни се повторува истата ситуација. Не смееме да се самозалажуваме – зад бугарската агресија врз Македонија, исто како и зад грчката, стојат главните меѓународни фактори, што значи дека нивното повлекување не е опција. Излез може да биде само нашата одлучна борба за опстанок како народ. И бегла анализа на сите наши голготи, од 1991 до денес, јасно покажува дека затворањето на “македонското прашање“, со бришење на Македонците, е во завршна процедура. Тоа мора да им биде јасно на надлежните. Во спротивно…
Појавениот лажен оптимизам само најавува наши нови непринципиелни, неприфатливи и историски отстапки, со кои дефинитивно ќе се до разнебити македонскиот народ.

Еден ден за тоа некој ќе мора да одговара.

Пишува:
Ристо Никовски
септември,2020

Latest News

Македонофoб и бугарофoб поставен за директор на Управата за развој и унапредување на јазиците, инаку кум на Српче

Владата денеска ја разреши од должноста Славица Тодорова, директор на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците...

Полицијата пpekина свадба со 200 гости во Арачиново

Вечерва околу 21:30 полициски службеници и пазарната инспекција прекинале свадба во угостителски објект во с.Арачиново, дознава Канал5. Во објектот затекнати се околу 200 лица, а...

Косово втор ден без cмpтeн случај од ковид-19

Втор ден по ред во Косово не е забележан ниеден dмpтен случај на зaрaзен од Ковид-19, така што бројот на жpтви на епидемијата останува...

(Видео) Каракачанов со дрзok коментар му одговори на дeмонcтрaнт кој побара ocтавка од него

Ти може да не си ја сакаш мајка ти, со овие зборови вицепремиерот и министер за одбрaна на Бугарија, Красимир Каракачанов, му се обрати...

Словенија воведува нajcтроги мерки по алapмантната бројка на новозaболeни

Словенија од сабота ќе воведе нови рecтриктивни мерки за спрeчување на ширењето на кopонавирусот меѓу населението. Премиерот Јанез Јанша денеска најави зaтворање на сета...

More Articles Like This