АКО НЕМАШ ПАРИ ТОГАШ ВО НАТУРА: Приведените професори наплаќале во „натура“ од студентки, кои немале доволно пари да си платат оценка?

  • June 7, 2016

Освен пари, некои од приведените професори во вчерашната акција на полицијата на Економскиот факултет при УКИМ, барале и друг вид на услуги особено од студентките. Вакви коментари вчера буквално ги преплавија социјалните мрежи, а до нашата редакција пристигнаа и неколку вакви потврди од студенти кои знаат некоја таква студентка од која била барана таква „услуга“ или пак биле сведоци на „раните предавања од 7 часот“

profesori_natura

По објавувањето на информацијата дека на Економскиот факултет при УКИМ се спроведува полициска акција поради сомневање дека одредени професори барале мито за оценки и дипломи од студентите, социјалните мрежи буквално експлодираа со сведоштва за тоа дека некои од професорите наплаќале и во „натура“ особено од студентките.

Вакви коментари вчера буквално ги преплавија социјалните мрежи, а до нашата редакција пристигнаа и неколку вакви потврди од студенти кои знаат некоја таква студентка од која била барана таква „услуга“ или пак биле сведоци на „раните предавања од 7 часот“. Имено, биле закажувани средби рано наутро во професорските кабинети пред факултетите да се наполнат со студенти, или доцна навечер, а неретко ваквата „сметка“ некои од професорите ја наплаќале во натура и во приватни станови.

Засега нема потврда од полицијата за документирано вакво однесување, но доколку имало примена на ПИ Мерки, ваквите наоди не можат да се исклучат.

 

 

Претходно «
Следно »