АКО УСПЕЕ ДРЖАВНИОТ УДАР ОСТАНУВАМЕ ПАРТНЕРИ: САД се истрчаа со пораките и претпоставките!

  • July 16, 2016

Соединетите Американски Држави ќе останат во добри односи со турската војска ако државниот удар во Турција успее, изјави претседателот на Американскиот комитет за национална безбедност Мајкл Макаул

SAD_Belakukja

Вашингтон ќе ги задржи добрите односи со турската војска во случај на успешен државен удар, вели Макаул.

„Нашата војска е во особено добри односи со Турската. Ако овој државен удар се одигра и биде успешен, сметам дека продолжувањето на нашиот однос со нашиот НАТО сојузник е од највисоко значење“, изјави Макаул во интервју за „Фокс Њуз“.

Конгресменот смета дека Турската војска ја видела политиката на Ердоган „помалку опасна“ по државната безбедност.

„Имајќи во предвид дека турската војска е секуларна, а претседателот Ердоган повеќе на исламската страна во куќата“ тврди Макаул. „Неодамнешниот напад на аеродромот во Истанбул, со нападите на ИСИС, Русија во тој регион, сметам дека она што го гледаме сега е државнен удар кој е одговор на некои од тие политики“.

Претходно «
Следно »