АКТЕРОТ ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ СО ВИДЕО ОБРАЌАЊЕ: Погледнете го обраќањето на актерот Владо Јовановски и слушнете за кого ќе гласа!

  • December 5, 2016

Еден од најпознатите и најдобри актери од Македонија Владо Јовановски, на неговиот ФБ профил објави снимка со обраќање до граѓаните и ја соопшти каква ќе биде неговата одлука на следните предвремени парламентарни избори

vlado_jovanovski

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

– Јас сум Владо Јовановски. Живеам во Скопје. Но каде и да живеам јас сум од Македонија. Како граѓанин на Р.Македонија и на овие избори јас ќе гласам, тоа е мое право но и моја обврска. Она што сите многу добро го знаеме е тоа дека безгрешни луѓе и безгрешни политичари не постојат. Од оваа политичка понуда што ја имаме, на овие парламентарни избори, јас како човек кој не припаѓа на ниту една политичка партија, ќе гласам за подобрите. Ќе гласам за оние за кои што сум сигурен и знам дека никогаш нема да ги продадат државните интереси на Р.Македонија. Затоа ќе гласам за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе гласам за Никола Поповски како носител на ИЕ 1. Јас гласам за Никола, гласај и ти. Нема да се срамиш.

 

[/kopa_block_quote]

Претходно «
Следно »