АКТЕРОТ КИЛИ СТАНА ДЕДО: Јоана на свет донесе машко дете!

  • June 12, 2019

Помалата ќерка на актерот Кирил Поп Христов – Кили, Јоана, која ја има во бракот со сопругата Гордана, има големи причини за славење.

Имено, Јоана и нејзиниот сопруг вчераа првпат се реализираа во улога на родители, а Кили и Гордана станаа дедо и бебо.

Имено, Јоана на свет донесе момче на кое му го даде името Аниш Круз Родригез Деан.

Овие радосни вести на социјалните мрежи ги сподели Нина Деан која напиша:

„Добредојде на светот, Аниш Круз Родригез Деан. Те сакам сестро“ напиша Нина на социјалните мрежи.

За потсетување, Јоана се омажи за момче од Еквадор – земјата каде заедно се преселија пред неколку години.

Вака изгледа новиот член во семејството на Јоана.

Претходно «
Следно »