АЛАРМАНТНА СОСТОЈБА ВО ЦЕНТАР: Рекордно високо загадување на воздухот во општина Центар!

  • July 23, 2018

Невообичаено и екстремно загадување на воздухот во Скопје денеска покажа апликацијата „Мој воздух“. ПМ10 честичките во 18 часот достигнаа концентрација од 1109 микрограми на метар кубен и покрај тоа што не е грејна сезона, кога аерозагаддувањето всушност е најголем проблем.

Освен во центарот на Скопје, вредностите на овие честици во другите делови од градот се во границите на нормалата.

Концентрацијата на опасните ПМ10 честички присутни во воздухот во центарот на Скопје, не само што не се намалува, туку и рапидно се зголемува.v

Според законодавството на Европската Унија, граничната вредности на ПМ10 честичките не смее да биде поголема од 50 микрограми на метар кубен.

Овие честички се сметаат за опасни поради нивните милимикронски димензии и формата на мало ноженце со која при вдишувањето, тие навлегуваат длабоко во дишните патишта, а оставаат фатални последици по здравјето на човекот.

Претходно «
Следно »