October 1, 2020, 9:42 am

Албанија ги прикрива реалните бројки на зaразени со Ковид-19?

Поврзано

Носете маски, полицијата казнува: Регистрирани 890 прекршоци за 24 часа

Во текот на изминатото деноноќие (30.09/01.10.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична...

Прогласен кapaнтин во Мадрид

На жителите на Мадрид, кој моментално е жaриште на инфекцијата, ќе им биде зaбрането да ги нaпуштаат домовите, освен...

Внимавајте: Коpoнавирусот се пренесува и преку мобилните телефони

Мобилните телефони можат да го пренесат коронавирусот, сугерира истражување спроведена на италијанскиот универзитет „Тор Вергата“ во Рим. Истражувачите, предводени од...
- Advertisement -

Во Албанија расте бројот на заразени со Ковид-19, оздравени,но и на починaти лица. Во последното деноноќие регистрирани се 139 позитивни на Ковид-19 што е најголема бројка на новозаразени во едно деноноќие, од појавата на пандемијата. Албанската метропола продолжува да биде главно жариште на болеста,од каде се дури 60 отсто или 81 од новозаразените. Во исто време во списокот на оздравени внесени се 69 лица а починале шест пациенти.

Во Албанија,со последните 561, до сега направени се 43.764 тестови, позитивен резултат е добиен кај 5.889, битката со опасниот вирус ја добиле 3.123 а ја изгубиле 182 лица. Активни на болеста се 2.589 од нив 1.451 се во Тирана, 302 во Драч и 230 во Скадар. Во Инфективната клиника и болницата „ Шефќет Ндроќи“ позната како болница Ковид 2, се третираат 110 пациенти од кои 27 во тешка здравствена состојба. Поради постојаниот раст на новозаболени Министертвото за здравство најави оторање и на болницата Ковид 3.

Во меѓувреме опозицијата ја обвини владата дека не само што не прави поголем број тестови,кои се неопходни, туку ги затскрива реалните бројки на заразени.

-Не се прават потребниот број тестови, нема транспарентност во врска со коронавирусот, нема никакви информации за потеклото на тестовите. Веќе сме на работ на целосен колапс на здравствениот систем. Во болницата Шефќет Ндроќи има повеќе заразени отколку што се објавува. Сето ова води кон целосен неуспех на албанските институции, обвини Барди Спахиа, изнесувајќи го ставот на обединетата албанска опозиција.

Тој додаде дека Албанија има многу помалку направен тестови споредено со земји кои имаат многу помал број жители.

Latest News

На сета сиромаштија ако сакате детето да учи треба да обезбедите 400 евра за компјутер

Претходно родители за своите деца купуваа тетратки, моливи, училишен прибор, а годинава поради новонастаната ситуација предизвикана од корона вирусот...

Заев си игра со судбините на административците, флексибилното работно време час важи, час не

СДСМ кога дојде на власт во 2017 година понуди и спроведе флексибилно работно време за администрацијата. Ова е можеби и единствената мерка спроведена во...

Почна новата учебна година

Одложено за учениците и редовно за студентите почнува учебната 2020/2021 година која е со многу неизвесности поради непредвидливост со заразата од КОВИД-19. Училишната година...

Носете маски, полицијата казнува: Регистрирани 890 прекршоци за 24 часа

Во текот на изминатото деноноќие (30.09/01.10.2020 година) на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се...

Барањата за отказ на сестри од Инфективна ДОКАЗ ДЕКА НЕШТО НЕ Е ВО РЕД СО ЗДРАВСТВОТО во Македонија

– Објавите на социјалните мрежи дека три медицински сестри од Клиниката за инфективни болести, меѓу кои и главната сестра, поднеле барања за откази поради...

More Articles Like This