Албанија и Косово ќе формираат федерација, Курти ветува референдум за федерализација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

При посета на Албанија во Март годинава, новиот Косовски премиер, Албин Курти, ги повика Албанците да гласаат за промени како што тоа го направиле косоварите на 14.фебруари: „Албанците заслужуваат подобро“, рече тој – пренесува ЕуроЊуз.

Крути, етнички-Албанец како и 90% од косовската популација која брои околу 1.8 милиони жители, ги повика гласачите да гласаат за левичарско-националистичкото движење Ветевендосје кои се натпреваруваат за пратенички места и во Албанскиот парламент.

Анти-корупциската агенда на Курти беше кличот за победата и на Косово, но во Албанија ова движење нема таква популарност. Според последните анкети Ветевендосје се уште ги нема потребните 1% од гласови за влез во парламентот.

Според лидерот на движењето во Албанија Вјосен Абази, тие ќе се натпреваруваат за секое пратеничко место во Албанскиот парламент врз агендата на сеалбанско поврзување, како и ветувањето за одржување на референдум за федерација помеѓу Албанија и Косово.

Вакви ветувања имаше и Албин Курти на Косово но за разлика од него, албанскиот премиер Еди Рама ретко коментира на темата за формирање на федерација помеѓу Албанија и Косово. Во 2017 во изјава за Политико, Рама не ја исклучи можноста за „мала унија“ помеѓу Албанија и Косово ако ЕУ го повлече давањето на датум за членство за Албанија.

За ваквата состојба, косовските и албанските аналитичари ја обвинуваат меѓународната заедница која се уште го одржува непријателскиот став кон Косово и Албанија кога станува збор за доделување на безвизен режим за жителите на Косово, и датум за почеток на преговори за Албанија.

Latest News

Kaкoв пoтeг: Тpeнepите ce oткaжyвaaт oд пo 10.000 евра и бapaaт cитe пapи Влaдaтa дa мy ги дoдeли нa Дeки

Владата на редовната 92-ра седница донесе одлука на нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со...

More Articles Like This