August 11, 2020, 11:40 am

Албанија ќе отвора привремени прифатни кампови за мигpaнти кои ќе побараат aзил

Поврзано

Се вжeштyвa ситуацијата во Средоземното море помеѓу Грција и Турција

Турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Рејс“ и понатаму е со непроменета позција, односно се наоѓа во, како што...

Македонски државјанин тeшкo пoвpeдeн во cooбрaќaјкa кај Саранда

Македонски државјанин тешко е повреден во сообраќајна несреќа, што се случила во близина на албанскиот приморски град Саранда, јави...

Грција го свика Советот за бeзбедност откако турски вoeн брод навлезе во споpната област

Турската вoeна морнарица објави дека нејзиниот брод „Орук Реис“ ќе спроведе истражувачко дупчење во cпорната област во источниот Медитеран...
- Advertisement -

Албанската заменик министерка за внатрешни работи Ровена Вода најави зајакнување на капацитетите на границата, со поставување привремени прифатни кампови за мигрантите кои ќе побараат азил.

Според неа ова се предвидува со новиот Предлог- закон за азил, со кој исто така се скусува периодот на добивање одговор на барањето за азил, кого сега барателите ќе го добиваат во рок од десет дена.

-Со новиот закон се очекува да се подобри состојбата со барателите на азил во некои области, зајакнување на капацитетот на границата, со поставување неколку кампови и олеснување на процедурите за верификација на мигрантите, изјави Вода за Ора њуз.

Додава дека ќе се зголеми идентификацијата на бројот на нелегални емигранти во земјата, ќе се избегне нивното движење на албанска територија, како и попрецизна спецификација на лицата кои бараат политички азил.

-Оваа процедура ќе помогне во побрзото селектирање на овие лица, категоризирајќи ги уште од самиот почеток. Законот предвидува остри санкции за мигрантите кои ги прекршуваат правилата за престој и ним ќе им биде отфрлено барањето за азил. Исто така ќе се воведе ограничување во движењето надвор од Центарот за азил во Барбу а ќе има построг мониторинг врз мигрантите во прифатните кампови и центри, дообјасни Вода.

Како што наведува телевизијата, новиот закон се очекува да ја подобри актуелната ситуација со имигрантите, кои „често прават проблеми со вмешаност во разни кривични дела”.

Според полициската статистика минатата година во Албанија азил побарале над пет илјади странци, главно сириски државјани.

Latest News

Се вжeштyвa ситуацијата во Средоземното море помеѓу Грција и Турција

Турскиот брод за сеизмички истражувања „Оруч Рејс“ и понатаму е со непроменета позција, односно се наоѓа во, како што...

На три недели пред почеток на учебната година уште не се знае cyдбината на учениците

Состанокот, што денеска требаше да го продолжат Комисијата за заразни болести и работната група на Министерството образование и наука, во врска со протоколите со...

Жена пpeгaзeнa од чeтиpицикл во Гостивар

На 10.08.2020 во 21.00 часот на ул. „Илинденска“ во Гостивар, четирицикл „линај“, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.М.(34) од Гостивар удрил во пешак...

Вечерва coбир за спac на Универзална сала

Пред платото на Универзална сала вечерва во 20 часот ќе биде одржан собир во знак на револт откако во јавноста излезе информацијата дека истата...

Филипче за кopoна летот за Финска, најголем дел од патниците патувале со косовски пасош

Венко Филипче на социјалните мрежи го објасни случајот за заболените со Ковид-19 стигнале во турку со лет до Финска. Во однос на информациите за летот...

More Articles Like This