АЛБАНСКАТА ОПОЗИЦИЈА СО ЕКСТРЕМНИ ЧЕКОРИ: Опозициската Демократска партија најави откажување од пратеничките мандати!

  • February 18, 2019

Албанската опозициска Демократска партија одлучи да преземе екстремен чекор кој води кон длабока институционална криза, со откажување на пратеничките мандати.

Во изјавата за медиумите, демократскиот лидер Љуљзим Баша изјави дека пред парламентарната група предложил да се откажат од мандатите,во услови, во кои,според него, Парламентот е во рацете на криминалот.

„Одлучив да и предложам на парламентарната група и на највисоките партиски форуми да се откажеме од пратеничките мандати, за поддршка на целта и аспирацијата што вие вчера видовте дека е национална, европска и незапирлива: Одбрана на демократијата и владеењето на правото. Преодна влада и слободни и фер избори. Парламент на народот, а не на криминалот,изјави Баша.

Баша рече дека ја прочитал пораката што произлегла од протестите на граѓаните и додаде дека „вака не може да се продолжи“.

„Времето на зборови заврши. Ние нема да продолжиме да бидеме фасада на парламентот што произлегува од избори диктирани од организиран криминал. Вашата поддршка, посведочи вчера, доби форма на референдум за политичкото решение што го нуди опозицијата, порача Баша.

Најавата за напуштање на мандатите Баша ја соопшти по средбата со лидерката на Социјалистичкото движење за интеграција, трета по големина партија во Албанија, Моника Круемади, која на Фејсбук потврди дека одлуката за откажување од пратеничките мандати е заедничка.

Таа напиша дека премиерот Еди Рама „сеуште ништо не видел“, додавајќи дека битката на опозицијата против „шефот на владата и криминалните банди кои го тероризраат животот на Албанците“ продолжува.

Опозицијата најави нов протест в четврток.

Претходно «
Следно »