АЛБАНСКАТА ПЛАТФОРМА ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ВЛАДИНАТА ПРОГРАМА: Албанските коалициони партнери на Заев тврдат дека платформата е жива

Поврзано

ФОТО: Чуден феномен, езерото Козјак стана целосно црвено

Во минатото се правеле многу истражувања и се докажало постоење на тешки метали во езерото, но тоа не е...

ПРИКАЗНИ ОД БУЛЕВАРОТ: Ние сме лудаци, кажете му на народот зошто го држевте до сега у карантин?

Ние сме лудаци…. Што ве слушаме се уште вас! Прес лакрдија! Не ја релативизирајте Короната. А одеднаш сите мерки на...

(ФОТО) ПOPAЗИТЕЛНA СТАТИСТИКА ЗА МАКЕДОНИЈА: Се наоѓаме на врвот на табелата за пoчинaти и зaрaзeни од кoрoнaвиpyc

Македонија останува на врвот на црните статистики. По број на заразени лица со коронавирус на еден милион жители, Македонија...

Коалиционите партнери на Зоран Заев од албанскиот блок и покрај неговите гаранции за добивање на мандатот за формирање на влада, не се откажуваат од Тиранската платформа и своите барања за рефединирање на Република Македонија ги повторуваат. Дополнително албанската платформа за албанските коалициони партнери на Заев е се уште жива и истата ќе биде дел од новата владина програмата.

emisijaaa-640x379

Во гостувањето во емисија на Алсат-М од ДУИ, БЕСА и партијата на Зијадин Села велат дека без сомневање тиранската платформа е жива.

-Секако дека е жива, вели Сурија Рашиди, пратеник од Движењето за реформи на ДПА на Зијадин Села.

-Секако дека е, јас ви кажав и претходно Декларацијата е жива и ќе биде дел од програмата на новата Влада, вели пратеникот на ДУИ Реџаил Исмаили .

-Без сомневање да, Декларацијата на албанските партии е жива,Љуљзим Алуи член на раководството на БЕСА.

И првиот човек на Движењето БЕСА, Билал Касами, вчера во дебатна емисија на ТВ 21, изјави дека во ниту еден момент не било прифатено од страна на албанските партии да се воздржат од албанската платформа.

-Тоа што го кажа господинот Заев ние сите го слушнавме и во ниту еден момент не е прифатено барањето на претседателот за отфрлање на декларацијата од страна на албанските партии изготвена и потпишана тука во Скопје. Тоа што се даде како гаранција беше дел од Уставот на Македонија што подразбира дека барањата и платформите на политичките партии кои ќе бидат дел од владината програма ќе се реализираат во рамките на Уставот на Македонија и ќе се бара унапредување на прашањата кои се во врска со меѓуетничките прашања и други орашања за Македонија да биде функционална земја. Во овој правец е и барањето на БЕСА за редефинирање на државата, за Македонија еднаш засекогаш да ги надмине овие проблеми на кои се навраќаме секои 10-15 години, вели Касами.

Иако сите албански партии се децидни дека Тиранската платформа не е спорна и таа ќе биде дел од владината програма, не сите партии од албанскиот блок одлучиле дали ќе бидат дел од владиниот состав.

-Ние немаме донесено конкретна одлука за тоа дали ќе бидеме или не дел од новата влада, вели Сурија Рашиди, пратеник од Движењето за реформи на ДПА на Зијадин Села.

Ваквите изјави дополнително ги потврдуваат пишувањата во медиумите дека владата на Заев како и парламентарното мнозинство со трите пратеници на „Алијанса за Албанците“  ќе зависи од желбите на Зијадин Села.

Актуелно

Инфектологот Цана: Во просек сега имаме повеќе заразени отколку кога беше воведен полицискиот час

Доколку кривата со нови случаи продолжи со ова темпо во наредните денови, вкупниот број на заразени од Ковид-19 кај...

KOНЕЧНО ЌЕ МОЖЕМЕ КОГА САКАМЕ ДА СЕ ДВИЖИМЕ: Од денеска целосно се укинува полицискиот час

Од денеска целосно престанува да важи Одлуката за забрана и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Македонија. Оваа одлука е донесена...

ДО КОГА ЌЕ ГО ПУШТАТЕ ДЕВОЈЧЕТО ДОМА РАСПЛАКАНО?: Заев ја oбвини Нина Групер за лошата состојба на буџетот

Планира ли Зоран Заев да ја пyшти низ вода министерката за финансии, Нина Ангеловска? До кога ќе го пуштате девојчево дома да си оди...

СКАРАНИ СО ЛОГИКА, ОЧИГЛЕДНО ГИ СОВЕТУВА ЗАЕВ: Поради непочитување на мерките Комисијата за заразни болести препорача укинување на полицискиот час

Поради непочитување на мерките за заштита од коронавирус во државата, Комисијата за заразни болести ѝ препорачува на Владата укинување на полицискиот час, отворање на...

СКОПЈЕ ЕПИЦЕНТАР НА ЗАРАЗАТА: 16 нови случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти во: Скопје-3 и Тетово-11. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни...

Повеќе вести