АЛБАНСКИТЕ МЕДИУМИ ГО ОБЈАВУВААТ „ПЛАНОТ Б“: За утре планирано свикување на седница за избор на Талат Џафери за претседател на Собрание!

  • March 12, 2017
  • Коментари

Албанските медиуми во земјава објавуваат непотврдени информации дека во текот на утрешниот ден се очекува Собранието да се состане, да се избере претседател на Собранието, а потоа без мандат од Иванов, противуставно да се изгласа нова Влада

sobranie_farbano

Како што пишува „Газета Блиц“, таканаречениот „План Б“ кој го најави Али Ахмети би требало да биде спроведен утре со свикување на седница на собранието на која би требало да биде избран претседател, а потоа без мандат да се изгласа нова влада.

Според „Газета Блиц“ името на новиот претседател на Собранието кој би го поддржал СДСМ би бил Талат Џафери, како дел од договорот за прифаќање на „албанската платформа“ помеѓу СДСМ и ДУИ.

Претходно, албанската пратеничка која денес беше на посета во Дебар повика на војна во Македонија, апелирајќи до ОВК на Шар Планина да бидат спремни, изјавувајќи дека Албанците во Македонија не се плашат од војската на Ѓорѓе Иванов, бидејќи тие имале деца спремни да земат оружје и да загинат за Илирида.

 

Претходно «
Следно »