September 27, 2021, 11:06 am

Албански интелектуалец пpeдупредува: Бугарското вeто е вистински обид да се pacпадне Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската унија не успеа да ја натера бугарската влада да не става вето на Македонија. Европските напори за постигнување договор меѓу двете земји беа поздравени во Скопје, но во Софија никој не сакаше да слуша. Како заклучок, меѓувладината конференција за почеток на преговорите со ЕУ за Албанија и Македонија е потежок отколку што мислевме, со многу непознати и нови загатки з. Одговорноста или заслугата за ова е на Бугарија, пишува екс министерот за култура на Албанија, Преч Зогај.

Големо е чудо како поранешна комунистичка земја како Бугарија, која имаше привилегија да стане забрзано членка на ЕУ, има право на вето за блокирање на проширувањето на ЕУ со соседите во регионот. И, какво вето е тоа! Ниту за неисполнување на стандардите и задачите поставени од самата ЕУ ниту за кој било друг неодамнешен инцидент или настан. Бугарското вето се однесува на барања, тврдења и услови за јазикот и историјата на нејзиниот сосед. Барање неповрзанао со стандардите за европска интеграција. Услови спротивни на основата на проектот Обединета Европа. Со својот успех, ваквото нечуено вето, што Бугарија одеднаш го извади од фиоката или од ракавот, ги уништува Европските темели. Тоа претставува преседан што служи за спречување на де факто проширувањето на ЕУ. Понатаму, доколку продолжи да биде успешно, бугарското вето би служело да ја разниша, и уништи зградата наречена ЕУ со поттикнување на слични тврдења. Европа и Балканот се богати со такви националистички тврдења.

Но, иако распадот на ЕУ може да изгледа како фантазмагорија, тековното успешно бугарско вето содржи елементи на вистински обид за распаѓање на Македонија.

Покрај тоа што ги казнува аспирациите за интеграција, условените барања на Бугарија го навредуваат идентитетот на македонското население од мултиетничката Република. Не знаеме до кој степен владата и Собранието на Македонија можат да реагираат на бугарските барања. Секако не до точка на самоодрекување. Постојат многу земји и народи во светот кои зборуваат еден јазик, но имаат своја националност. Она што сигурно го знаеме е дека втората етничка група со статус на државотворен народ во мултиетничката Република, автохтоните Албанци во нивните земји, немаат причина да ги подложуваат или жртвуваат своите европски аспирации поради услови и барања без никаква поврзаност со нивниот идентитет. Македонија е нивна земја, нивна независна држава, нивна татковина, на која и посветуваат, заедно со македонскиот етникум.

Албанците се дел од владата на премиерот Заев, како што беа и во претходните влади. Тие не се видени како ги тријат рацете од последиците создадени со бугарското вето, напротив, видовме како низа нивни претставници во владата, се обединети во позициите на премиерот Заев и нивните колеги од македонска националност.

Таков дух, и покрај политичката разновидност за различни прашања, верувам дека постои и кај народот. Со доверба во западните партнери, Албанците од Македонија ќе продолжат одлучно да му служат на проектот за интегрирана мултиетничка република во ЕУ. Но, никој не треба да мисли дека тие можат да бидат заложници на стратегиите спротивни на овој проект.

Уште едно големо изненадување од предниот дел на преговорите што не се отвори беше обединувањето на Албанија со нејзиниот источен сосед како резултат на бугарското вето. Додека сите земји, вклучително и некогашната пречка , Холандија, изјавија дека Албанија ги исполни критериумите за отворање на преговорите, немаше причина нашата земја да биде казнета и да плаќа. Секако дека сакавме и сакаме да бидеме рамо до рамо со Македонија, за ова не се дискутира. Македонската европска интеграција, како и на целиот регион, е општо добро. Но, „смрди“ нашата судбинска „врска“ со соседот поради бугарското вето. Не слушнавме убедливи аргументи зошто не држеле „неразделни“. Додека имаме преседан за членство во НАТО каде сме поделени.

Албанија помина, Македонија запре поради грчкото вето за прашањето за името се додека Атина и Скопје не најдоа решение. Ние го кажавме тоа и сакаме да го повториме: Неразделноста на двете држави го потхранува јавното мислење и теориите дека Европа секогаш наоѓа начин да ги изигра своите ветувања, претворајќи ја интеграцијата во Сизифов камен за нас и за другите земји на југоисточна Европа. Не сакам да верувам во ова, но оние кои веруваат во тоа имаат аргумент што не би сакале да го докажеме: одложување на отворањето на преговорите од година во година. Овој пат одговорноста ја презеде Бугарија. Треба да почекаме какво решение ќе најде ЕУ за да се ослободи од вето политиката за проширувањето, без оглед на нејзините вредности и стандарди. Во меѓувреме, на хоризонтот се собираат облаци од друго небо, што не е бугарско.

Пишува Преч Зогај, влијателен интелектуалец и истакнат поет од Република Албанија министер за култура во два мандати за Панорама.

Html code here! Replace this with any non empty raw html code and that's it.

Latest News

(Фото) Зaбopaвeтe вeќe нa лeтните дeнови и високите тeмпepатури – oд вечерва голем пpecвpт на вpeмeто

Денеска во текот на ноќта ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен...

More Articles Like This