December 2, 2021, 5:14 am

Албански медиум во Македонија пpeдупpeдува за етнички cyдиpи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Неотворањето на преговорите со ЕУ може да предизвика етнички судири во Македонија“ тврди медиум на албански јазик во Македонија.

„И покрај напорите што ги прави, се чини дека Европската Унија не успева да ја убеди Бугарија да го крене нејзиното вето кон отворањето на преговорите со Македонија. Тоа уште еднаш ја покажува немоќта на Брисел да ги реши споровите меѓу државите на европскиот континент, неуспех кој ќе произведе силни негативни ефекти, кои не би биле ограничени само на Скопје, туку кои ќе го опфатат сиот регион. Отворањето на преговорите со Тирана и неуспехот да се отворат и со Скопје би ги зголемиле внатрешните притисоци во Македонија, кои можат да доведат до до етнички судири.“ – предупредува информативната агенција „Журнал.мк“ во својот уреднички коментар.

Според агенцијата, „судирите во рамките на ЕУ и воспоставувањето на националните интереси на земјите – членки доминираат во процесот на интеграција на Западниот Балкан во Унијата, што резултира со силни негативни влијанија во сите земји од регионот, а резултат на тоа е големиот пораст на евроскептицизмот и национализам во овој дел на континентот“.

„Грчкото вето долго време го блокираше пристапувањето на Македонија ка сега и бугарското вето повторно го попречува Скопје на неговиот евроинтегративнен пат, што имаше силно влијание врз стабилноста на државата и на целиот регион. Ова не е земено предвид од овие држави, бидејќи националниот интерес беше посилен од безбедноста на целиот континент“ – истакнува агенцијата „Журнал.мк“ која важи за блиска на ДУИ во својот уреднички коментар.

„Сите неуспеси на ЕУ создадоа соодветно опкружување за објавување документи или мапи, кои имаат за цел да ја ‘решат’ иднината на Западен Балкан и кои ги вознемирија не само земјите од регионот, туку и земјите од ЕУ, воведувајќи ја својата иднина во една опасна спирала.

Со цел да се спречи објавувањето други ‘нонпејпери’, ЕУ итно треба да го деблокира процесот на интеграција, во спротивно овие идеи за промена на границите нема да останат само на хартија и тие можат да произведат ефекти, чии ефекти и димензии ќе бидат тешко предвидливи“ – заклучува „Журнал.мк“

Она што е интригантно е што и министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека патот на Македонија кон Европската Унија поминува низ Бугарија без чие одобрување на можат да почнат пристапните преговори, но и оти Софија не треба да ја пропушти оваа шанса ако сака стабилен Балкан.

Шефот на дипломатијата смета дека Бугарија, сепак, не треба да ја пропушти шансата на јунскиот самит на ЕУ да и се одобри на Македонија да ги почне преговорите за членство, доколку сака стабилен Балкан.

„Имам чувство дека регионот доаѓа до критичка точка, кога се губи довербата дека ќе се зачлени во Европската Унија. Во моментот кога ќе се постигне оваа точка, верувајте дека ќе биде проблем, ќе се отвораат многу теми кои се затворени за европската перспектива, уште од 2003 кога во Солун се носи одлука дека еден ден Балканот ќе се зачлени во ЕУ, тоа стана силно движење за регионот. Затоа Бугарија мора да ја „грабне“ оваа шанса ако сака стабилен Балкан“, посочи Османи.

Извор: Журнал

Latest News

Вучиќ открива: Дeмонстpaнтите на пpoтecтот беа вoopyжени

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека за насилството што го предизвикаа демонстрантите на протестите при блокадата на патот...

More Articles Like This