АЛБАНЦИТЕ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА ЗАЕВ: Ти дадовме пари за голема Албанија, сега направи ја!

  • May 5, 2017
  • Коментари

На албанскиот платеник, лидерот на СДСМ,Зоран Заев, му се закануваат неговите финансиери, пишува Информер.рс.

zaev-informer-640x536

Според Информер, Албанците од Швајцарија, од кои Заев зел пари за да со Албанците направи коалиција и да ја прифати тиранската платформа, му се закануваат со хаос, доколку, според договорот не направи република Илирида во Македонија.

Како што се наведува, албанската дијаспора, која му дала големи пари на Заев за време на кампањата минатата година, се надевала дека веднаш после изборите, во декември 2016 година нивната влада ќе биде формирана.

Тие очекувале дека досега ќе биде спроведен барем дел од тиранската платформа, односно дека албанскиот јазик ќе се изденачи со македонскиот, дека ќе се смени грбот и знамето на земјата.

Меѓутоа Албанците не сметале на побуна на Македонците, поради што Заев не успеа да состави влада досега, па станале нервозни. Доказ за тоа е пораката која извесен Агрон Џафери од Швајцарија ја испрати на државниот секретар на СДСМ и најблизок соработник на Заев,Оливер Спасовски.

-Оливер, ти и Заев треба да ја кажете вистината во парламентот за она што се договоривме. Што треба сега ние Албанците да чекаме вие од СДСМ да кажете? Доаѓавте во Швајцарија да молите за коалиција, а сега се правите будали. Лажете на телевизија, па сакате и нас Албанците да не лажете. Ги прифативте точките од декларацијата за да имате мнозинство во собранието, што е сега проблем?Мислите дека ако ги лажете Македонците, можете и нас Албанците. Мислите дека ние Албанците од Швајцарија имаме пари да даваме на Заев, за да не лаже? Ајде кажете во парламентот што треба, за да не дојдеме пак во Куманово. Да живее Илирида – гласи пораката која ја добил Спасовски.

Претходно «
Следно »