АЛБАНЦИ НЕМА ДА ГЛАСААТ НА РЕФЕРЕНДУМОТ: “Нема Албанци за да гласаат на референдумот, но таму се ДУИ со “експертите” за пополнување на кутии!”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарот и писател Ким Мехмети, ја анализираше започнатата кампања за референдумот на 30 септември во Македонија. Тој смета дека иако нема Албанци за да гласаат не постои ризик за неуспех на референдумот, бидејќи таму е прозападниот претседател на ДУИ со неговите експерти за полнење на гласачките кутии!, пишува весникот на албански јазик Лајм. Мехмети изрази загриженост дека полнењето кутии како негативна појава, овој пат може да се толерира и од страна на Брисел.

“Сите државници на нашите “Албании“, живеат со стравот од неуспех на референдумот за промена на името на Македонија, и ги повикуваат Албанците во земјава да гласаат за македонско-грчкиот договор! Дали е можно да бидат толку неинформирани и да не знаат дека албанската младина ја напушти Македонија и дека во оваа земја, живеат само толку Албанци колку што е бројот на неспособните за работат и гласачите на ДУИ?! Па еве јас ви велам: не грижете се, бидејќи во Македонија нема Албанци за да гласаат, но таму е прозападниот претседател на ДУИ со неговите експерти за полнење на гласачките кутии! Па дури и за прв пат, оваа “демократска” акција, која оваа партија ја применува со децении во континуитет за време на изборите, нема да им попречуваат ниту од Брисел! Затоа што можеби ние не станавме како цела Европа, но уште одамна ЕУ веќе стана како сите нас”, напиша Ким Мехмети, на својот Фејсбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This