АЛЕКСАНДАР НАЦЕВ ГО ,,НОКАУТИРАШЕ“ ПЕНДАРОВСКИ: Граѓаните ќе кажат едно големо НE, на овој капитулантски договор..Најголем срам е да ги манипулираш своите граѓани

  • September 6, 2018

Граѓаните ќе кажат едно големо НE, на овој капитулантски договор кој го потпиша Владата. Зошто не? Според мене најголем срам е да ги изманипулираш своите граѓани, затоа што во основата на ова  референдумско прашање не лежи ништо друго освен манипалација. Манипулација која се задскрива зад евроатланската агенда  за која ниту ние и никој не ја спори- рече Александар Нацев, Претседател на Комисијата за одбрана на ВМРО-ДПМНЕ во дебатната емисија на 24 Анализа.

Нашата партија од секогаш јасно го истакнувала својот став дека е за членство во НАТО и ЕУ, но во прашањето народот веќе ја гледа и ја чита таа  манипулација во референдумското прашање каде што се гледа дека промената на името треба да се задскрие зад желбата наша за  зачленување во НАТО и ЕУ.

На ВМРО-ДПМНЕ  му е јасна од почеток играта и затоа го нарече капитулантски договор.Капитулантскиот договор кој го потпишавме со Грција во целост ги поништува и личниот идентитет на Македонците и  институционалниот идентитет на Република Македонија. Во јавноста веќе се прават анегдоти за тоа како би биле називите на нашите државни институции . Се шират гласини и анегдоти дека новото име на МНУ ќе биде АНУСМ, има анегдоти дека новото име н МРТВ ќе биде СМРТ…..Така да за нас овој договор претставува тотално поништување на македонскиот национален идентите и се бара од нас, од македонецот сам да направи сопствена лоботомија.Сам да се лоботомизира и да заборави на се она што бил предходно. Да погази на коските на сите оние кој го дале својот живот за оваа држава и да им го ускрати правото на идните поколенија да се гордеат со тоа што направиле нивните предци. Јас незнам како на претставниците на Владата нема утре да им биде срам утре да прошетаат во Крушево, да отидат во Смилево и да отидат во Разловци.

Незнам колку незгодно ќе им биде кога ќе ги слушаат македонските народни песни од кој што секоја втора македонска народна песна  е за непокорот на македонецот и за желбата на тој македонец да има своја сопствена држава.

Ставот партиски неколку пати е кажан и од старна на претседателот на партијата рече Нацев. Ние како ВМРО-ДПМНЕ нема да прифатиме промена на уставното име со цел промена на уставното име на Република Македонија. Ние како партија сакаме да го слушнеме гласот на народот, ние сме народна партија, го слушаме народот и тоа што сака да ни го каже. Значи ние сакаме на тој начин да ја донесеме вистинската одлука , а не  на кој што елитата кај нас се научени да го прават тоа, во затемнети канцеларии и на глисери и сликани со темни очила. Значи, ние сакаме прво да сме сигурни во она што ќе го донесеме и на народот точно да му кажеме која е нашата позиција. Претседателот исто така најави дека тој нема мандат за вакво историско прашање да го убедува народот и да му кажува како да гласа. Македонскиот народ, за разлика од она што го мисли власта  и начинот на кој ја тера кампањата со истите логоа со истиот начин на убедување, истите пропагандистички методи кои ги користат. Со истите заплашувања на народот, на администрацијата, со сите нови вработувања пред изборите…Се тоа што го прават го прават со една цел да го изманипулираат народот и да не му дозволат на народот да излезе од оној мрак во кој што се наоѓа.  За што ќе излезе народот да гласа? Ние не знамеме како ќе биде, што потоа. Ќе помине референдумот еве нека гласаат и повеќето гласачи ЗА, но што потоа? И тие што ќе гласаат ЗА, незнаат што ќе им се случи. И на крај да не заборавиме дека сепак Договорот треба да помине и во Грција. Значи ние можеме да се согласиме да смениме име, се да смениме, да отвориме врата за уште понатамошни посилни ирендитистички барања и на крај да не излезе ништо.

Во врска со ставот на Пендаровски дека  сите меѓународни институции и другите држави го одобриле договорот . Нацев истакна дека неговото мислење е дека не треба другите држави да го одобруваат или не договорот. Единствениот суверен на Македонија е македонскиот народ. Треба првин да го прашаме што мисли македонскиот народ, бидејќи тој одлучува, само тој, и никој во негово име. Не ни треба на нас амин.

Да, ние имаме добри релации со сите членки на Советот за безбедност и сите поголеми држави и со сите наши НАТО партнери и со сите земји од Европската унија, меѓутоа  првиот кој треба да  даде амин за нешто е македонскиот народ, од него произлегува суверенитетот и од него произлегува мандатот на политичарите.

Ние не ги негираме придобивките кои би ги добиле од Европската унија и НАТО. Значи придобивките во образованието, во однос на мобилноста на младите , меѓутоа, предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ им овозможи на младите да ја вкусат таа Европа. Визната либерализација дојде во време на Вмро, поканата за НАТО за која ние зборуваме дојде во време на ВМРО во 2008.  Првата препорака за преговри со ЕУ за визна либерализација дојде кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕво 2009 година. Идејата за евроатлански интеграции е на ВМРО-ДПМНЕ. Додека политичарите  на сдсм трчаа да ја спасуваат југославија, вмро кажуваше дека ќе е потребно да се интегрираме во Запад.Тука нема дилема дека придобивките се тие. А оваа теза дека ова ни е последниот воз кој што треба да го фатиме, не се согласувам,  затоа што и ако пропадне референдумот нема државата да се распадне.Ние сме,  и од секогаш сакаме да влеземе во ЕУ, но и кога не сме биле таму кога сме биле на патот кон ЕУ државата функционирала безпрекорно.Функционирала и во поглед на инвестиции, образование, економија, вработувања..

Не треба да заборавиме дека бојкотот беше легитимна опција 2004 година на тој референдум . Може сега да изедначуваме, зошто тогаш бојкотот  се сметал како опција легитимна, а денес да кажуваме дека тоа  не е во ред. Манипулацијата е во прашањето кое е тројслојно. Да беше прашањето дали сте за промена на името или дали сте за прифаќање на договорот….Да беа три посебни прашања. Јас мислам дека сега немаше да зборуваме за цензусот.

Манипулациони техники  искористивте за манипулција на народот рече Нацев. Воедно Нацев изрази сомневање во референдумските манипулации и местења од страна на владата.

Воедно Нацев истакна дека власта треба да го убеди и него и граѓаните во доброто на овој капитулантски Договор: Јас ќе го задржам мојот став околу гласањето, ќе оставам на власта да ме убеди дека е добар договорот, но во овој мрак во кој што не држат, чисто се сомневам дека ќе успеат во тоа.

 

 

Претходно «
Следно »