October 27, 2021, 9:26 pm

Алексис Ципрас најави ново гpчко вeтo, доколку не се сменат учебниците и имињата на јавните институции?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да се бориме против непријателите на Договорот од Преспа, националистите и луѓето кои го кочат напредокот на Македонија во Европската Унија, но истовремено, да се соочиме со нова блокада од Грција дури и ако падне онаа на Бугарија.

Вака некако звучеше изјавата на екс-премиерот на Грција Алексис Ципрас, кој во својот говор на Форумот за Преспанскиот договор кој се одржува во Охрид на 01-02 јуни.

– Треба да се бориме против непријателите на Договорот од Преспа. Против националистите и против оние кои ги користат придобивките од овој договор за дневнополитички цели во нивните земји. Ние сме пријатели и заедно ќе се бориме против овие фактори, рече Ципрас во својот говор пред присутните.

Понатаму грчкиот екс-премиер и лидер на СИРИЗА, објасни дека Македонија мора да ги почитува обврските од Преспанскиот договор во целост, а како пример го наведе неисполнувањеот на обврската за преименување на јавните институции – како во случајот со ФФМ, но и менување на учебниците – по историја.

– Македонија мора во целост да го почитува договорот од Преспа. Треба да се имплементираат сите превземени обврски од договорот. На пример остана импелемнтацијата на преименувањето на јавните институции но и менувањето на учебнците, потенцираше Ципрас.

Со ова недвосмислено грчкиот политичар најави нова серија блокади, дури и во случај Македонија да го надмине спорот со Бугарија.

Ваквата пинг-понг ситуација, според проекциите на македонското МНР може да се случат уште 200 пати во текот на преговорите за полноправно членство со Европската Унија, и тоа само во случај доколку Бугарија го тргне ветото врз почетокот на преговорите.

На овој начин, Македонија уште долго ќе треба да прави отстапки благодарение на асиметричните договори со двете соседни земји, во кои македонската страна нема доволни гаранции дека доколку ги исполни обврските, другата страна безусловно ќе ја кренат рампата кон пристапни преговори.

А.Митовски

Latest News

Заев од Росоман: Гласајте за бројот 12, за Стојан Николов за Општина Росоман да остане прогресивна, обединета, европска и економски развиена

„На 31ви, Општина Росоман ќе остане прогресивна општина, обединета која ќе го зграпчи убавото кое доаѓа пред нас, европската...

More Articles Like This