АМБАСАДОРОТ ЗМЕЈКОВСКИ ПОВИКАН ВО УКРАИНСКОТ МНР: Едностраното раскинување на договорот за Казандол причина за загриженост кај Украинската влада

  • April 10, 2018

Македонскиот амбасадор во Киев, Столе Змејковски бил повикан од страна на заменик министерот за надворешни работи на Украина Васил Боднар во врска со раскинувањето на Договорот за концесија на Казандол со компанијата Сардич МЦ.

На средбата од украинска страна е искажана силна загриженост поради едностраниот раскин на Договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини со Сардич МЦ. Од министерството за надворешни работи на Украина му било порачано на македонскиот амбасадор Змејковски, дека Украина решително и силно ќе ги заштити своите инвестотори и инвестиции во Македонија и ќе ги превземе сите средства кои и стојат на располагање.

Инаку Договорот за концесија со компанијата Сардич МЦ, беше раскинат на 27 март од страна на Владата на Р. М со образложение дека компанијата не исполнила обврски од Договорот за концесија.

На ова, реагираа од Сардич МЦ. Тие информираа дека Рударски комплекс Казандол е изграден со целосно почитување и спроведување на сите законски и договорни обврски и дека во досегашното работење не е утврдена ниту една неправилност и не постои правен основ за еднострано раскинување на Договорот. Од компанија најавија дека ќе бараат оштета од 380 милиони евра на арбитража во Вашингтон .

По раскинувањето на договорот реагираа адвокатите на компанијата, во соопштението тие истакнаа дека не се исполнети ниту законските ниту договорните услови за еднострано раскинување на Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина од страна на Владата.

Со соопштение се јави и украинската амбасада која наведе дека на овој начин се прекршува Договорот меѓу Македонија и Украина за поттикнување и заемна заштита на инвестициите.

Претходно «
Следно »