АМБАСАДОРОТ НА ВЕНЕЦУЕЛА ВО РУСИЈА ЗА ГВАИДО: Сѐ започна пред десет години кога САД го врбуваа Хуан Гваидо!

  • February 12, 2019

Амбасадорот на Венецуела во Русија, Карлос Фариа Тортоса, изјави дека САД го врбувале претседателот на парламентот Хуан Гваидо, кој се прогласи за претседател на државата, уште пред 10 години.

„Според нашите податоци тој беше испратен со Србија да учи, како што можеби веќа знаете. Тогаш започна се“, рече дипломатот.

„Дојде време да ја изврши задачата која му ја даде САД, но тој не е подготвен. Тој е само марионета преку која зборува и дејствува САД“, додаде амбасадорот.

Во Венецуела на 21ви јануари започнаа масовни протести против актуелниот претседател Николас Мадуро. После два дена претседателот на парламентот Хуан Гваидо се прогласи за привремен претседател на земјата. САД и неколку други земји го признаа Гваидо за претседател и бараа од Николас Мадуро да се воздржи од примена на сила.

Претходно «
Следно »