АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА ВО ОН, НИКИ ХЕЈЛИ СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА: Хејли поднесе оставка од позицијата амбасадор во ОН, Трамп најави дека ќе соопшти нешто „големо“

  • October 9, 2018

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прифати оставката на Ники Хели како амбасадор во Обединетите Нации, објави РТ.

Хејли, наводно, ја понудила својата оставка за време на разговорот со Трамп минатата недела во Белата куќа. Ројтерс има потврда за вестите од нејзиниот извор, но вели дека Хејли сега е во Белата куќа и одби да им ја потврди веста за нејзината оставка.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, објави дека Трамп и Хели ќе се состанат во Овалната канцеларија во 10:30 по локално време.

“Голема објава со мојот пријател, амбасадорот Ники Хејли”, напиша Трамп на Твитер.

 

Ники Хејли беше на оваа позиција од инаугурацијата на Трамп во јануари 2017 година.

Претходно «
Следно »