АМЕРИКАНСКИТЕ ЕКСПЕРТИ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Трамп ја носи земјата кон нова економска „депресија“

  • May 6, 2018

Од јануари, САД ги зголемија увозните тарифи за голем број странски производи, по што наиде на силни критики од ЕУ и Кина, кои се заканија дека ќе преземат одмазнички мерки.

Во отворено писмо до претседателот Доналд Трамп, група од водечки американски економисти, меѓу кои и лауреати на Нобеловата награда, го предупредија за негативните последици од неговата протекционистичка политика.

Вкупно 1.144 економисти, го повикаа Трамп да не ги повторува грешките што доведоа до Големата депресија на 1930-тите. Тие го потсетија на слично писмо на повеќе од 1.000 економисти испратено до Конгресот во 1930 година, барајќи пратениците да го отфрлат протекционистичкиот Смоут-Хоули законски акт.

“Конгресот не го зеде во предвид советот на економистите во 1930 година, а Американците низ целата земја ја платија цената”, се вели во писмото.

Авторите го опишаа намалувањето на трговските бариери меѓу државите како едно од најголемите достигнувања на глобалниот економски систем во поствоената ера.

Тие предупредија дека протекционистичките мерки на Трамп “ќе ги зголемат трошоците за живот и ќе наштетат на голем дел од нашите граѓани”.

Повисоките увозни тарифи се грешка, бидејќи малкумина може да се надеваат дека ќе добијат од таквата политика. Таквите активности ќе ја поткопаат глобалната стабилност и негативно ќе се одразат на САД, кога другите земји ќе мора да ги укинат трговските договори со САД.

Од јануари, САД ги зголеми увозните тарифи за соларни панели, машини за перење, челик и алуминиум.

Претседателот Доналд Трамп го бранеше својот план за огромни тарифи за увезениот челик и алуминиум и други стоки, велејќи дека “трговската војниа е добра работа и во неа лесно се победува”, а за тоа време меѓународните пазари се подготвуваат за големи загуби.

“Кога една земја (САД) губи милијарди долари во трговија со практично секоја земја со која тргува, трговската војниа е добра работа и во неа лесно се победува “, изјави Трамп. “Пример, кога трговскиот дефицит со одрена земја изнаесува 100 милијарди долари, не тргувајте веќе – ние ќе победиме на големо. Тоа е лесно!”

Во друг твит, тој се пожали дека Кина со “нелегални трговски практики уништи илјадници американски фабрики и милиони американски работни места”.

Трговските партнери на САД го обвинија Вашингтон за објавување на глобалната трговска војна. Како одговор на мерките, водачите на ЕУ ветија дека ќе ги заштитат сопствените економски интереси, а Кина се одмазди со зголемување на увозните тарифи за американските производи.

Претходно «
Следно »