АМЕРИКАНСКИТЕ РАКЕТИ СЕГА МОЖАТ „ДА ГАЃААТ ВРАПЦИ“: Во светот нема ефективна одбрана против новите Руски ракети!

  • March 3, 2018

Повеќе од 400 ракети кои САД имаат намера да ги постават во рамки на системот за противракетна одбрана немаат никакво воено значење по претставувањето на новото руско вооружување, соопшти воено-дипломатски извор за руските медиуми


Заменик-министерот за одбрана на Русија Александар Фомин во петокот за телевизискиот канал „Русија 24“ изјави дека САД планираат да постават вкупно 400 ракети за глобалниот противракетен систем во близина на руската граница.

Изворот наведува дека сега е бесислено да се покриваат позициите на разни воени групации со овие ракети, бидејќи се што можат тие сега е „единствено да гаѓаат врапци“.

Според неговите зборови, од рускиот комплекс „Кинџал“ со брзина од 10 маха нема ефективна одбрана. Сите области во кои е сместен ПВО, воено-морнаричката групација и батаљоните сега претставуваат само добри цели.

„Против најновите системи кои ги направи Русија, овие противракети системи на америка изгледаат како прачки против авиони. Целата американска пропаганда за формирањето на противракетниот штит, за кој Вашингтон од членките на НАТО извлече огромна сума, претставува само празна приказна. Системот на ПРО е како чадор полн со дупки“, вели изворот.

Тој нагласува дека е време западните партнери Русија да ја сфатат како нова реалност. Руските „кинџали“ веќе се во армијата, а суперсоничниот стратешки комплекс „Авангард“ е пуштен во сериско производство.

Изворот наведува дека Русија многу пати повикувала западните партнери да разговараат за засилување на светската безбедност и глобалната стабилност.

„Зборувавме дека тоа што го прави Вашингтонт со глобалниот систем за ПРО не води никаде. И не само тоа, уште во 2007. година специјално за нив протекоа информации за изградбата на стратешкиот ракетен комплекс ‘Сармат’. Ништо не зборувавме за работите на крстосувачката ракета со нуклеарен уред и превземавме мерки за чување на тајната, но сите неопходни испитувања на ова оружје се изведени во полн обем“, вели изворот.

Според неговите зборови, резултатите од испитувањето се стопроцентна основа за тврдењето дека проектот е исполенет.

„Никој освен Русија нема суперсонично оружје. Што се однесува на повиците на Западот дека Русија наводно го нарушува Договорот за ракети од среден и мал дострел, сето тоа е од очај“, вели тој

Изворот прецизира дека Русија не гледа никаква смисла во нарушување на Договорот за ракети од среден и мал дострел, бидејќи новото оружје не подлежи под дејство на овој документ.

Треба да се сфати, наведува изворот, дека Русија има најнов повеќенаменски систем со автономни подводни уреди, најновиот комплекс „Авангард“, „Кинџал“ и другите најсовремени системи на вооружување за кои зборуваше рускиот претседател Владимир Путин.

„Високопрецизното оружје од новата генерација веќе е на борбено дежурство“, наведува изворот.

Претходно «
Следно »