АМЕРИКАНСКИТЕ СЛУЖБИ ШПИОНИРААТ: Лавров за обвинувањата за „руското мешање“ во внатрешните работи на државите!

  • August 30, 2017

Германската разузнавачка служба не даде ниту еден факт за мешањето на Русија во изборната кампања во Германија, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров


„Тие можеби сакаат да ја докажат нивната ефикасност, но не можат да достават ниту еден факт. Но ако зборуваме за факти, сите знаеме дека пред некое време се разјасни дека германската канцеларка ја прислушкувале американските тајни служби. Не се сеќавам дека германската контраразузнавачка служба кажа нешто околу овој утврден факт“, рекол Лавров на конференција за новинари во Доха.

Претходно, контраразузнавачката служба на Германија тврдеше дека се плаши од обиди на руската разузнавачка служба да влијае на изборите за Бундестагот, кој ќе се одржи на 24. септември.

Русија повеќе пати ги отфли обвинувањата дека се обидува да влијае на изборите во различни земји, а портпаролот на Кремљ Димитриј Песков ги нарече „апсолутно неосновани“. Лавров, гоорејќи за наводното мешање на Русија во изборите во САД, Франција и Германија, рече дека нема доказ кој тоа го потврдува. Претседателот на Русија Владимир Путин истакна дека САД по целиот свет се мешаат во туѓи внатреполитички процеси, но ја обвинуваат Русија која наводно се мешала во нивните избори, иако за Русјиа такво мешање нема никаква смисла.

Претходно «
Следно »