АМЕРИКАНЦИТЕ СФАТИЈА: Стануваме автopитарно општество

  • March 18, 2019

Дали сте забележале дека одредени лица започнаа да иcчeзнyваат? Не се некои бeздoмници или бeгaлци – лица кои вообичаено ги снeмyва. Тоа се доста важни, високообразовани личности со поинакви политички ставови. Еден ден ги гледате или читате нивни текстови на Интернет. Следниот пат кога ќе ги побарате таму, ги нема. Не можете да ги најдете нивните видео-прикази. Ги нема ниту на Фејсбук. Одненадеж не можете да купите нивни книги преку Амазон (начин на електронска набавка на книги).

Преку Гугл поставувате пребарување за да видите што се случило со нив и утврдувате дека се иcфpлени и зaбpaнети. Наречени се опасни eкcтремиcти, нeзнaбошци и нaциcти. Заради доброто на општеството се исклучени од истото, ги нема повеќе.

Малку сте изненадени што го дознавате ова. Според Вас тие не биле лoши или paдикални. Беа само слободни мислители кои работите ги кажуваа малку поинаку од партиските ставови што се објавуваат на CNN. Во секој случај Вие немате забелешки на тоа. Не сакате да се дознае дека гледате забpaнети видеа. За истото следува kaзна.

Вака изгледа автopитарно општество. Тоа е место во кое групата што е на власт (што ги одредува ставовите) воопшто нема да трпи kpитики. Е, ова постануваме ние!

Беше само прашање на време кога овие ќе се нафрлат на Fox News. Од дузината врвни мрежи (и канали) во САД само Fox News има поинакви ставови и гледања. Останатите канали зборуваат во еден глас. Тие секогаш се обединети за секое прашање. Тие се во речиси совршена синхронизираност со приоритетите на Демократската партија.

Fox News е поинаков. Ставовите заземани на овој канал имаат поинакво гледање. Ова можете да го сметате за вредна поинаквост во морето на еднообразност. Но левите (Демократската партија во САД) не мислат така. Тие би сакале Fox News да биде затворен – уште утре. И другите канали што емитуваат вести се сложуваат со ова и истото го посакуваат. Тие сега дури и се обидуваат ова да го постигнат.

Треба да се објасни постапката на забрана и отстранување на идеи, начинот на кој толку гласови досега се замолчени. Првиот чекор е одредување на политичкото несогласување за cмpтна зakaна за земјата, нешто што е опасно. Тоа во САД е работа на групата наречена Правен центар на јужната сиромаштија – ПЦЈС (Southern Poverty Law Center), организација чие име намерно ја маскира улогата на нacилно спроведување на ставовите на водството на Демократската партија (на демократите).

Групите или поединците кои се со поинакви ставови од официјалните на демократите се во ситуација од страна на ПЦЈС да бидат означени како “групи на омpaза, групи што треба бидат омpaзени, омpaзени групи“. Тоа претставува добар начин за скршување на политичките неприjaтели. По дефиниција, групите за омpaза немаат легитимни идеи или ставови. Тие блујат само омpaза. Не морате да ги слушате или да дебатирате за и со нивните ставови. Можете да игнорирате се’ што ќе кажат. Ваша единствена задача е да ги зaдyшите. Убавината на ПЦЈС е во следното: кога еднаш луѓето со кои не се согласувате ќе ги наречат “група за омpaза, омpaзени групи“, можете веднаш да ги уништите со примена на сила. Тоа го прави ПЦЈС.

Тука настапува организацијата “Работи на медиумите“ (Media Matters). Тоа е организација, финансирана од Џорџ Сорос, чија единствена задача е кaзнyвање на критиките и критичарите на Демократската партија. “Работи на медиумите“ честопати ја користи пропагандата од страна на ПЦЈС за нacилнички да се однесува кон фирми, корпорации, раководни лица во новински и известувачки организации и технолошки компании, а преку kaзнување на луѓето што не им се допаѓаат (не ги сакаат). Не е изненадувачки што јавните медиуми ја сакаат “Работи на медиумите“.

Еден поранешен вработен во “Работи на медиумите“ на следниот начин го опиша односот на “Работи на медиумите“ со каналот MSNBC: “Ние многу често им ги пишувавме нивните ударни вести“. Кога “Работи на медиумите“ ќе објавеше информација за средствата за јавно информирање, MSNBC ќе ја преземеше од “збор до збор“. Вработените во “Работи на медиумите“ еднаш објаснуваа дека блиските односи на организацијата со бројни новинари биле широки и сеопфатни. Еве неколку цитирања:

“Грег Сарџент од Вашингтон Пост ќе напише се’ што ќе му дадете“,
“Бен Смит (сега во Buzzfeed) ќе ги преземе текстовите и ќе напише се’ што сакате“,
“Луѓето во Хафингтон Пост секогаш имале желба за соработка“,
“Џим Рејни од LA Times презеде многу наши работи“,
“Брајан Стелтер од Њу Јорк Тајмс беше од помош“.
Брајан Стелтер веќе го има напуштено Њу Јорк Тајмс. Тој сега е eвнyх (со шkoпени тecтиси) во CNN и ги најавува прогласите на неговиот мал крал Џеф Закер. Овој, пак, своите ставови ги зема од “Работи на медиумите“.

Fox News е со поинакви стојалишта. Тоа можете да го сметате за вредна различност, за нешто поинакво во морето на еднообразност. Левите (демократите) не мислат така. Тие би сакале Fox News да биде затворен – ако може уште утре. И другите канали што емитуваат вести се сложуваат со ова и истото го посакуваат. Тие сега дури и се обидуваат ова да го постигнат.

“Се работи за пристојност“, плаче Стелтер. “Мораме да имаме пристојност“. Под ова Стелтер подразбира помалку непослушност. Повеќе покорност. “Престанете да ја критикувате програмата“. Во спротивно!

Ова е лицето на медиумите со усогласени ставови. Тие се прашуваат зошто воопшто постои Fox News. Имаме единаесет други совршено добри канали, сите одобрени од страна на раководството и покорни кон “групата што ги одредува ставовите“. Како смее било кој нешто да гледа поинаку? Fox News не може да биде легитимен. Тие мора да лажат (веројатно лажат). Нивните гледачи мора да се глyпи (дали ова личи на ставовите на нашиот кандидат за Претседател?). Слушајте како “Don L’Mon” и братот на Гувернерот на Њу Јорк ви објаснуваат зошто на Fox News воопшто треба да му се дозволи да постои:

“Дон Лемон, главен во CNN: Како новинари, мораме да ви дадеме факти, но таму (во Fox News) не се зборува за нештата што сте ги кажале или дали истите се засновани на факти. Не зборуваат за тоа. Таму велат: “Секој сака да ме фати во тесно. Секој ги напаѓа конзервативците… Тие едноставно велат “Кај левите (Демократите) постои само насилство и навреди и имаат синдром на напади врз Трамп“ без воопшто да се разгледуваат нештата“.

Крис Куомо вели: “Нив не ги интересираат факти. Поаѓаат од чувствата“.

Лемон: “И тогаш нивните гледачи едноставно ги прифаќаат работите, велејќи: “Ех, тоа е така“, без воопшто да водат сметка за фактите“.

Дон Лемон ве нарекува глуп (дали и ова личи на ставовите на нашиот кандидат за претседател?). Имајте го предвид овој момент-став. Но постои заканувачки аспект на сево ова.

Дон Лемон нема моќ да Ве пикне во затвор. Но Дана Несел има (дали и ова Ви личи на нешто наше сега?). Таа е Јавен обвинител на сојузната држава Мичиген. Таа има формирано посебна единица за “кривични дела засновани на говор на омраза“ (дали и ова Ви личи на нешто наше сега?), чие овластување е испитување на секоја организација, од страна на ПЦЈС означена како “група за омраза“ (дали и ова Ви личи на нешто наше сега?). Ваква е политиката претворена во оружје. Критикувајте ги луѓето од групата што ги одредува ставовите и ПЦЈС ќе Ви испрати луѓе со пиштоли против Вас. Ова е застрашувачки!

Што е уште полошо, Вие, без да знаете, ги финансирате нив. Зачудувачки е што и ПЦЈС и “Работи на медиумите“ се ослободени од плаќање данок. Во нивната пријава кај Даночната администрација “Работи на медиумите“ има наведено дека американските медиуми што објавуваат вести се водени од прохристијански ставови и дека “Работи на медиумите“ се потребни заради балансирање на ставовите. И покрај очигледната апсурдност на овој став, групата има добиено статус на непрофитна организација. Уште оттогаш таа ги има прекршувано одредбите од тој статус.

За време на администрацијата на Обама “Работи на медиумите“ одржуваше неделни дискусии со Белата Куќа во однос на тоа како да се напаѓаат и да се повредуваат политичките непријатели. “Работи на медиумите“ водеше “листа на непријатели“ од Републиканската партија, вклучувајќи го и Стив Кинг од Ајова. Тоа претставува прекршување на сојузното даночно законодавство. Непрофитните организации изземени од даночни обврски не можат да функционираат како продолжена рака на политичка партија. “Работи на медиумите“ тоа јасно го прави (дали и ова Ви личи на нешто наше сега?).

Според текст во либералниот весник The New Republic, “Работи на медиумите“ја смени својата основачка определба во текот на предизборите за кандидат на Демократската партија за претседателските избори во 2016 година заради агитирање во корист на Хилари Клинтон. Вработен во “Работи на медиумите“ рекол дека се определиле во насока на “одбрана на Клинтон“ преку “одбрана на Хилари од секој блогер во нејзината основна база на гласачи“. Во меморандум кој протекол од екипата што ја водела кампањата на Хилари Клинтон во 2015 година, екипата расправала за соработка со “Работи на медиумите“ заради напаѓање на Републиканците преку обвинување на средствата за информирање дека известуваат пристрасно.

Во електронска порака од 5 јануари 2016 година екипата од штабот на Хилари Клинтон расправала за соработка со “Работи на медиумите“ заради напаѓање на напис објавен во Vanity Fair во врска со Хума Абедин. Во пораката пишувало: “Го имаме “Работи на медиумите“ и главните сурогатни медиуми (медиуми што божемски известуваат независно) здружени со нас, кон кои утре можеме да се прошириме“.

Ова не е само неетички. Ова е и незаконски. Според прописите 501(с)(3) на Даночната администрација на САД, на непрофитните организации апсолутно им е забрането да учествуваат во камапњите на политичките кандидати. “Работи на медиумите“ го има прекршено законот и правото. И покрај тоа, оваа група никогаш не е казнета. Таа и понатаму го задржува статусот на организација изземена од даночни обврски.

Тоа значи дека Вие и секој друг плаќач на даноци ги финансирате нападите врз вашиот сопствен Прв амандман (од Уставот на САД). Зошто ова е така? Како ова може да се случува? Некој би морал да ја повика Даночната администрација и да види зошто ова е така.

(Приспособено од излагањето на Такер Карлсон во емисијата “Такер Карлсон вечерва“ од 12. Март 2019 година)

Претходно «
Следно »