АМЕРИКА ПОВЕЌЕ НЕМА ДА РУШИ ВЛАДИ НИЗ СВЕТОТ: Трамп најави „нова ера на мирот“!

  • December 2, 2016

САД ќе прекинат со обидите да соборуваат влади низ светот и ќе соработуваат со другите земји што се борат против тероризмот, порача новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за време на својата „турнеја на благодарноста“ и вети почеток на „нова ера на мирот“.

csm_tramp_sinhua_64c0e90f7a

– Ќе ја уништиме Исламска држава. Истовремено, ќе се водиме според новата надворешна политика, која, конечно, учи на грешките од минатото. Ќе прекинеме со соборување на режими и влади, истакна Трамп во своето обраќање во Синсинати.

Тој нагласи дека САД ќе соработуваат со секоја земја, која е заинтересирана да ја уништи ИД.

Трамп вети дека ќе ги „излекува длабоките рани на Америка“, додавајќи дека земјата нема друг избор, туку треба да се обедини и да ја отфрли нетрпеливоста.

Претходно, за време на својата посета на Индијана, Трамп повтори дека ќе изгради ѕид долж американско-мексиканската граница, кој ќе има „врата“ низ која ќе можат да минуваат легални мигранти.

Претходно «
Следно »