August 14, 2020, 3:03 am

АМЕРИКА ПРОТИВ КИНА: Војната започна

Поврзано

Eckaлиpa нeзaдoвoлcтвoтo кај граѓаните, 3aпaлeни два автомобили на ЕВН во Тетово

Два службени автомобили на ЕВН вечерва се запалени во Тетово, информираат граѓани на социјалните мрежи. Засега нема официјални информации за...

ММФ: Пандемијата ја чини глобалната економија 375 милијарди долари месечно

Пандемијата на Ковид-19 ја чини глобалната економија околу 375 милијарди американски долари месечно, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО),...

Сорос: Европската унија е многу paнлива и има многу непpијатели, внатрешни и надворешни

Американскиот милијардер Џорџ Сорос го прослави својот 90-ти роденден во, како што рече, „најлошата kpиза во неговиот живот по...
- Advertisement -

Доналд Трамп започна борба против “економската агресија на Кина”. За кинески стоки ќе има царински давачки, за што Пекинг ќе воведе реципрочни мерки. Белата куќа веќе издаде изјава за воведување на царински давачки за увоз на железо и алуминиум. Експертите сметаат дека Русија може да има корист од американско-кинеската размена на “љубезност”.

Претседателот Доналд Трамп потпиша меморандум “За борба против економската агресија на Кина”. Тој изјави дека го почитува кинескиот претседател Си Џинпинг,и вели дека сака соработката со Кина за решавање на проблемот со Северна Кореја, но потенцира ” имаме трговски дефицит”.

Овој дефицит се проценува помеѓу 375 и 504 милијарди долари.
“Како и да гледате тоа е најголемиот дефицит на било која земја во светот”, истакна тој. Вкупниот трговски дефицит во САД минатата година надмина 800 милијарди долари.

Поради кражба на интелектуална сопственост вредна 100 милијарди долари, Трамп одлучи да го примени членот 301 од Законот за трговија од 1974 година, со кој се дозволува воведување на забранети царини. Овие царини ќе важат за кинеската стока во вредност помеѓу 50 и 60 милијарди долари. Конечната листа на стоки ќе биде објавена во наредните 15 дена. Покрај тоа Америка ќе поднесе тужба против Кина во Светската Трговска Организација.

Американскиот претседател, исто така, му нареди на министерот за финансии Стивен Мнучин да спроведе ограничувања на инвестиции за кинеските компании во следните 60 дена за заштита на американските технологии.

Да се потсетиме, Трамп претходно воведе царински давачки од 10 и 25 отсто на увоз на алуминиум и железо, со исклучок само за Канада, Австралија и Мексико. ЕУ вети одмазнички мерки за широк спектар на производи од САД и почна поактивно да преговара со Американците.

Американската администрација инсистира дека дејствијата што ги презема не се трговска војна, ниту пак протекционизам. На неодамнешната прес-конференција во Буенос Аирес, на самитот на Г-20 изјави дека властите во САД “едноставно сакаат еднакви услови”, како што се оние на странските компании во САД.

Амбасада на Кина во Вашингтон: Ќе се бориме до крај

“Кина ќе се бори до крајот во трговската војна со САД, користејќи ги сите неопходни мерки”, соопшти амбасадата на Кина во Вашингтон.

Најавата беше направена откако американскиот претседател Доналд Трамп побара веднаш да го намали трговскиот дефицит со Кина во износ од 100 милијарди долари.

Амбасадата на Кина во САД соопшти дека Пекинг не сака трговска војна, но нема да се откаже од војната ако дојде до неа.
Исто така, ги обвини САД за “игнорирње на гласот на разумот и игнорирање на заемно корисната природа на односите меѓу Кина и САД и консензусот дека двете земји постигнале конструктивно управување на разлики преку консултации”.

“Ако САД започнаа трговска војна, Кина ќе се борат до крај во одбраната на нивните легитимни интереси со сите потребни мерки”, се вели во соопштението. Кина остро се противи на она што го опиша како “типичен трговски протекционизам, унилатерална акција” од страна на администрацијата на Трамп, заклучувајќи дека американска акција “директно прави штета на интересите на американските потрошувачи, компаниите и финансиските пазари.”

“Вол Стрит Џурнал” претходно, повикувајќи се на извори, објави дека одмаздничките мерки на Кина може да се применат на извозот земјоделски производи на САД.
Министерот за трговија на Кина, Џун Шан, рече дека “секоја трговска војна ќе донесе несреќа за целиот свет”.

Според него, Кина не сака трговска војна или ја иницира. Тој додаде дека Пекинг вети дека ќе ги заштити своите “легитимните права и интереси”, дури и ако тоа ги доведе до трговска војна со САД.
Премиерот Ли Кежанг е повеќе воздржан. Тој изрази надеж дека Пекинг и Вашингтон ќе успеат да избегнат трговски конфликт. Тој дури додаде дека Кина планира да продолжи со отворање на својот пазар за странски компании.

21 КОМЕНТАРИ

Latest News

ДЕНЕСКА БОГОРОДИЧНИ ПOKЛАДИ: Макавеите во македонската народна тpaдиција

Во животот на нашиот народ макавејските денови имаат важно место. Според нив се прогнозирало времето и се планирале поважните...

Сончево до 36 степени, за викендот нecтабилно со дожд и гpмежи

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и...

Eckaлиpa нeзaдoвoлcтвoтo кај граѓаните, 3aпaлeни два автомобили на ЕВН во Тетово

Два службени автомобили на ЕВН вечерва се запалени во Тетово, информираат граѓани на социјалните мрежи. Засега нема официјални информации за причинителите, ниту пак за евентуални...

Сpaмота: Пензиониран генерал прeживува гoлгoта, 10 дена со температура оставен да лeжи дома без лeкарска помош

Која здравствена институција функционира во оваа држава? Ова прашање го поставува Агрон Газафер чиј татко преживува голготa во Македонија. Тој на социјалните мрежи побара помoш...

Викендов останете дома, ново нeвpeме ќе ја зaфати Македонија

За време на викендот, особено во попладневните часови територијата на Македонија ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места...

More Articles Like This