АНАЛИЗА НА ПРОФЕСОРОТ ЈАНЕВ: Иванов е на потег, мора да им дозволи на Русите да го отворат прашањето за името во Советот за безбедност!

  • November 19, 2018

Ако Иванов сака да направи нешто за Македонија мора да даде дозвола Русите да тргнат во акцијата во Советот за Безбедност (СБ) на ООН за прогласување преговорите пропаднати со предлогот СБ да даде препорака до Генералното собрание да ПРОДОЛЖИМЕ членството во ООН под уставното име Република Македонија

Ако предлогот на Русија пропадне во СБ треба:
1. на истата седница на СБ Русија да бара СБ да постави барање до Меѓународниот суд за правда (МСП) за оценка ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ УСЛОВИ за приемот во ООН 1993 (кои се нелегални);

2. Доколку, нема согласност за ваквата рез. Русија да даде изјава дека СБ е во блокада и опструкција, и по истите причини како 1947, да бара Генералното собрание на ООН да упати ваквата иницијатива (од Генералното собрание на ООН) за добивање на опишаното Советодавното мислење од судот за легалитет на дополнителните услови, при приемот во ООН, за Македонија.

3. Потоа, Русија треба ваквата иницијатива, со образложение за пат позицијата во СБ (по истите причини како 1947), и да иницира во Генералното собрание на ООН за добивање на Советодавното мислење од судот (МСП) за легалитет на дополнителните услови за Македонија. Постапката оди преку Генералниот комитет на Генералното собрание на ООН, кој утврдува точките на дневен ред.

4. Во меѓувреме, Иванов треба да повика сите држави во ООН, вклучувајки и држави со кои немаме дипломатските односи, да не признаат под уставното име Република Македонија.

Само на овој начин Иванов ќе се спаси од импичментот и прогон.

(5. Деталите на постапката, која треба да се прави види на Петицијата:
https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un )

Националниот идентитет не може да се оспорува во ОН. Амбасадорите во Советот за беѕбедност и Генералното собраине на ООН во 93’ во ОН не сфатија дека во случајот со Македонија не се работи просто за “разлика” околу името, туку за национален идентитет! Грчката стратегија пред 25 години беше да исчезне македонскиот идентитет, а преку резолуциите на ООН кое пробленатизираат Македонскиот идентитет.

И покрај рез. на Советот за безбедност 1244, предметот за Косово оди на Генералното собрание на Интерпол!

А ние се плашиме од рез. СБ 817 и рез. 845 на СБ да одиме на Генералното собрание на ООН!
Демек не можеме!

Србија постојано се повикува на рез. на СБ 1244, плус на фактот дека Косово не е членка на ООН и дека нема расчистен статус, но и покрај ова предметот за Косово оди на Генералното собрание на Интерпол! Истото Србија го прави и во УНЕСКО, повикувајќи се на 1244, но Косово оди на Генералното собрание на УНЕСКО (Генералната конференција на УНЕСКО).

Само ние се правиме недоветни и не тераме нашиот предмет за името на Генералното собрание на ООН, кое може да ни го продолжи статусот како Република Македонија!
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ИВАНОВ Е НА ПОТЕГ!

Автор
Игор Јанев
Професор по меѓународно право

Претходно «
Следно »