Анастасија се отсели од вилата на Цеца: Купува се, од сувомеснато до помфрит, а остава и бакшиш

  • May 17, 2019

Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, неодамна се иселила од семејниот дом каде живееше со својата мајка, братот Вељко и снаата Богдана. Сега таа живее сама во луксузен стан во Белград, а новите соседи за српските медиуми откриле каква сосетка е Анастасија.

Како не сме ја виделе, често доаѓа кај нас. Анастасија е девојка на место. Купува сè, од сувомеснати производи до помфрит. Остава бакшиш. Баш е воспитана девојка, рекла продавачката во една од продавниците каде штонеретко пазари ќерката на Цеца.

Нормална личност, за разлика од овие, да кажам модерни девојки кои не и се ни до колена. Доаѓа без шминка, уште поубава е таква. Девојка за пример, додала таа.

Претходно «
Следно »