Ангеловски: Главата горе, одиме натаму

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски, жали за поразот (3:1) од Австрија на дебито на Европското првенство, но не е разочаран и им порача на своите избраници да се фокусираат на следните две средби.

Имавме сегменти каде што игравме добро, имавме моменти на пад на концентрација, а на вакви натпреварувања кога играте со квалитетни ривали, нормално е противникот тоа да го искористи. Мислам дека клучна беше шансата на Николов што не ја реализиравме при 1:1, а на спротивната страна, Австријците ни дадоа гол. Главата горе, одиме натаму. Има уште два натпревари. Почнуваме да се подготвуваме за следниот меч, против Украина. Немам зборови за атмосферата што ја направија нашите навивачи и жалам што не успеавме да им возвратиме со позитивен резултат. Се надевам дека ќе ги израдуваме на следниот меч.

Средбата со Украина ќе се игра в четврток исто така на „Национална Арена Букурешт“.

Latest News

Пaниka вo Тypциja: Гoлeм пoжap ce пpиближyвa кoн тepмoцeнтpaлa

Голем пожар се шири кон турска термоцентрала (ТЕЦ), а земјоделци во паника го тераат добитокот во близина на морето,...

More Articles Like This