Aнгeлoв: Bpeме е нayката да даде одговop дали во 2001 година имавме вojна, вoeн koнфликт, или меѓyeтнички cyдиp

Поврзано

Усвоен здравствениот протокол за спроведување на пописот

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата денеска го усвои Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот...

Koj го пoceтyва Caшо Миjaлкoв вo keлиjaта во Шyткa?

Екс директорот на УБК беше осуден на 12 годишна затворска казна за случајот со нелегалното прислушкување во Македонија и...

Бројот на новозaболени скокна на 23 отсто од тестираните

Скокна бројот на позитивни тестови. Откако имаше период кога бројот на позитивни тестови беше околу 15 отcто од бројот...
- Advertisement -

„Денеска се одбележуваат 20 години од нападот врз полициската станица во тетовско Теарце во 2001-та година што се смета за почеток на оружениот конфликт, но и една година од влезот на Македонија во НАТО, што треба да е гаранција дека вакво нешто нема да се повтори“, рече претседателот на Достоинство Стојанче Ангелов пред споменикот на бранителите во Жена парк во Скопје, каде делегација на Здружението положи цвеќе.

Ангелов го прочита соопштението на ОНА издадено ден по нападот во 2001 година во Теарце во кое покрај детали за нападот, имаше и дел со политичка содржина, а во кој беше наведено дека нападите на „славомакедонската униформа ќе продолжат додека не се ослободи албанскиот народ од славомакедонската доминација”.

Подоцна, рече Ангелов, реториката на ОНА беше променета па се говореше за човекови права.

Тој додаде дека целта на оваа прес-конференцијата и потсетување на овие настани е да не се шири меѓуетничка омраза, туку истата целосно да биде искоренета. По 20 години, кога раните се делумно залечени, Ангелов вели дека е време науката да даде одговор дали во 2001 година имавме војна, воен конфликт, вооружен судир или меѓуетнички судир. Се поставува прашањето дали дел од Албанците беа обесправени што мораа да се кренат со оружје, кој за што се бореше, кој победи.

„Македонските бранители кои ја бранеа татковината во 2001 година поминаа низ низа премрежја и од тогаш до денес се соочуваат со низа проблеми. Од страна на оваа Влада предводена од Зоран Заев и СДСМ се направени низа подобрувања, но поради неможност за системско носење на закон се работи на единечно решавање на правата и проблемите со кои што се сочуваат бранителите кои ќе побараат помош од Владата“, посочи Стојанче Ангелов.

Latest News

Ако владин функционер рече дека податоците на Транспаренси се само перцепција, треба да заврши неговата кариера

Hашата држава треба да почне од почеток да го гради системот. И мислам на градење на луѓе. Ќе ни...

More Articles Like This