October 20, 2021, 9:24 pm

Ангелов: Зaкaжaв ceдницa нa Глaвниoт штaб зa yпpaвyвaњe co kpизи, пoтoa пpeд ceдиштeтo нa Цук ќe oдpжимe пpec-кoнфepeнциja

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, преку социјалната мрежа Фејсбук вели дека поради пожарите кои што ја зафатија Македонија, беше прогласена кризна состојба од страна на Владата.

Ангелов напомена дека денес во 13:00 часот ќе се одржи седница на Главниот штаб за управувањето со кризи каде што ќе треба да се донесе Акциски план за справување со зголемениот број на пожари.

Тој исто така истакна дека по завршувањето на седницата ќе се одржи и прес-конференција пред седиптето на ЦУК.

Во продолжение објавата на Фејсбук:

ТЕКОВНА ИНФОРМАЦИЈА

Откако утрово Владата, поради пожарите кои ја зафатија Р. Македонија, прогласи кризна состојба на територијата на државата во траење од 30 дена, за денес во 13.00 часот закажав седница на Главниот штаб за управување со кризи.

На седницата треба да донесеме Акциски план за справување со зголемениот број на пожари.

Веднаш потоа пред седиштето на ЦУК ќе одржиме прес конференција.

Во моментов заедно со директорите на БЈБ Сашо Тасевски и на ДЗС Беким Максути како и армискиот генерал Орце Јордев со полициски хеликоптер вршиме извидување над подрачјата зафатени со поголеми пожари заради непосредно запознавање со состојбата, подобра координација и носење одлуки во однос на приоритет за употреба на 5-те хеликоптери.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Чеда Јовановиќ е дојден во Македонија да му помогне на СДСМ за втор круг

Александар Митовски од Инфомакс во вечерашното гостување во емисијата „Јади бурек“ на ТВ Сонце, зборувајќи за изборите, истакна дека...

More Articles Like This