АНДОНОВ: Нема да му дозволам да го погазува дигнитетот на МВР

Поврзано

Граѓаните ќе треба да одлучат во каква држава сакаат да живеат

Граѓаните ќе треба да одлучат во каква држава сакаат да живеат, држава со kpиминал, koрупција или напредна прогресивна држава,...

Николоски до Заев: Кoга сакаш, каде сакаш, во колку сакаш, повели на дуел, да видиме кого луѓето ќе поддржат

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, носител на листата на кандидати за пратеници од ИЕ 4 денес се сретна до...

Мицкоски: Договорите за добрососедство треба да се двонасочна улица, не едностран акт како оној со Бугарија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и мандатар за премиер Христијан Мицкоски, во вечерашната емисија „360степени“ на телевизија Алсат, потенцираше дека добрососедските...

Денес во МВР од страна на техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски е извршен безочен упад во законската регулатива, кој го детеминира работењето на МВР. Спасовски на најгруб начин го девалвираше правниот систем и ги погази сите правни принципи врз кои е втемелена работата на министерството, обвинува дополнителниот заменик министер Оливер Андонов.

andonov-mvr

-Со бесправното и еднострано потпишување на решенијата за распоредување на раководни позиции на 11 лица вработени во МВР, Спасовски на најдобар начин покажа дека за него не постои Устав и Закон, туку само негов личен интерес и интерес на неговата партија, што е во директна спротивност со законот за преодна Влада за спроведување на избори. Со извршените противзаконски именувања, Спасовски се стави над законот и го доведе во прашање целокупниот систем на организација и работа во МВР. Заобиколувајќи ги на криминален начин правилата, процедурите и критериумите за распоредување, Спасовски си дозволи да унапредува лица за 3-4, па се до 12 скалила во хиерархиската поставеност, што е акт без преседан и кој нема ама баш никакви допирни точки со Закон за внатрешни работи, подзаконските акти на МВР и колективниот договор, рече Андонов.

Спасовски од СДСМ си унапредувал и лица на раководни функции против кои се водат дисциплински постапки за грубо кршење на законите, што само по себе говори за квалитетот и кредибилитетот на кадрите поставени од негова страна.

Андонов вели дека со ваквото дејствување станува јасна намерата на Спасовски да раководи незаконски, непрофесионално и самоволно, вршејќи притисоци и закани за сите оние кои не мислат како него.

-Нема да дозволам МВР да се претвори во партиски штаб и место на кое Спасовски брутално го погазува и руши дигнитетот на министерството. Ќе ги искористам сите правни средства за запирање и санкционирање на ова досега невидено самоволие на Спасовски и ќе придонесам кон враќање на владеењето на правото во МВР, како еден од основните столбови на државата. Упатувам порака до сите оние лица кои денес добија незаконски решенија, дека прифаќањето на тие исти решенија претставува грубо кршење на законот и повлекува правни консеквенци. За новонастанатата ситуација, покрај тужбите што веќе ги најавив, во текот на денот ќе биде информирана Владата на РМ и претставниците на дипломатскиот Кор во земјава, тука пред се мислам на амбасадорите на земјите учеснички во донесувањето и гаранти на Договорот од Пржино, рече Андонов.

Тој апелира до Спасовски да ја повлече штетната и незаконска одлука и да прифати средба на која заеднички, согласно законот за внатрешни работи, подзаконските акти и Колективниот договор, ќе ги разгледаат и регулираат сите отворени прашања.

Актуелно

(Фото) Нeврeмeтo нарави хaoc во Скопје

Невремето кое пред малку го затекна главниот град на Македонија предизвика хаос во собраќајот. Голем број возила чекаат во...

(Во живо) Христијан Мицкоски на средба со жителите на Шуто Оризари

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за премиер на Република Македонија, попладнево е на средба со жителите од Шуто Оризари. Неговото обраќање може да го следите...

Чулев: Изборни нepегуларности нajcтрого ќе се caнкционираат, без разлика од која партија доаѓаат

Главен акцент треба да се стави на спречување на секаков вид на изборни нерегуларности, кои најстрого ќе бидат санкционирани, без оглед од која политичка...

(Видео) По зakaните по неговиот и животот на Јовановски, Дуковски видно вознемиpeн, известени се и амбасадите

Видно вознемирен и нервозен вака може единствено да се опиште денешниот настап на адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски при изјавата пред обвинителството откако...

Нови „бомби“ во етерот – што мисли Заев за Бранко Црвенковски и неговите луѓе, и колкав е неговиот капитал

Нови аудио снимки од свиркачи се појавија на социјалната мрежа „ЈуТјуб“ на кои може да се слушнат секвенци од разгвор кој Зоран Заев го...

Повеќе вести