АНДОНОВ: Овој народ има исконски борбен дух со кој ќе застане во одбрана на сопствената татковина

  • December 19, 2017

На протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда денеска пред граѓаните се обрати Оливер Андонов. Тој кажа дека и биде на помош на Македонија денешен Свети Никола, дека на државата ќе и треба многу помош со оглед на тоа со какви луѓе на власт си има работа земјата во овие моменти.

-Луѓе кои се подготвени и полицијата да ја злоупотребат против сопствениот народ, луѓе кои се подготвени да во недостигот на демократскиот капацитет ги растураат протестите. На два пати денеска се обидоа да спречат легитимно и демократско изразување на мислата на овој народ, на несогласувањето со хунтата, на несогласувањето со нивната недемократичност, на нашиот глас за слобода на патриотите кои лежат во затвор, изјави Андонов.

Тој кажа дека ова е одлика на хунта и праша дали уште се потребни докази во денешно време дека со какви луѓе има државата има работа. Но порача дека тоа нема да им успее.

-Нема да им успее, бидејќи ние си ја сакаме татковината таква каква што е, со сите во неа. Таква демократска на чие чело наскоро ќе застане ВМРО-ДПМНЕ. Сите обиди да се урне и ВМРО-ДПМНЕ да се урне ќе им пропаднат. Овој народ има исконски борбен дух со кој ќе застане во одбрана на сопствената татковина, изјави Андонов.

Тој кажа дека нема да поминат заплашувањата, дека нема да поминат ниту притворите.

-Доколку Митко Чавков беше виновен за организирање нешто против Уставот и политичкото и општествено уредување на државата, каде е тогашниот министер за внатрешни работи. Тој беше над него по хиерархија и тој требаше многу повеќе од него да знае. Значи ни една логика не им држи, дури ни логиката на денешното СЈО, кое повторно се обидува да подметне, да заплаши, да инсинуира. Секој чекор што го прават покажува дека се беззаконици, СЈО нема право да води нови постапки, изјави Андонов.

Тој кажа дека и претходните постапки им се бесмислени, но нови не може да има. Тој ги повика граѓаните утре да дојдат пред истражниот затвор во Шуто Оризари во 18 часот.

Претходно «
Следно »